Македонија во светот

На 26 и 27 ноември се оддржа 16-от Самит на Франкофонијата во Антананариво, главниот град на Мадагаскар на тема: “Споделен раст и одговорен развој-услови за стабилност во светот и во франкофонскиот простор”, кадеРепублика Македонија беше претставена од Габриел Атанасов, Личен претставник на Претседателот на државата во Франкофонијата и в.д. во Амбасадата на Република Македонија во Париз.

IMG 2987

Овој долгоочекуван Самит за Мадагаскар претставува признание и враќање на меѓународната сцена после политичката криза која ја зафати земјата во 2009 година. Мадагаскар како земја од зоната на Индиски Океан успешно го организираше овој мултилатерален собир на 80-те членки со поддршка на Генералниот Секретар на Меѓународната организација на Франкофонијата, Микаел Жан.

Во Антананариво, Организацијата се прошири со 4 нови членки: Аргентина, Јужна Кореја, Нова Каледонија и Онтарио-Канада. Донесена неше финална декларација како и 13 резолуции преку кои земјите се залагаат за решавање на глобалните предизвици, како што се транснационалниот криминал, прашањето на бегалците и мигрантите, правата на децата, промоцијата на родовата еднаквост, превенцијата од радикализам и насилен екстремизам кои доведуваат до тероризам, консолидација на мирот, климатските промени, промоцијата на јазичната различитост и дијалогот помеѓу културите како фактор за оддржлив развој итн. Економската стратегија на франкофонијата останува приоритет како неопходност за креирање на нови и подобри услови за живеење во сите земји од франкофонскиот простор.

Во овој контекст, Атанасов повика на поголема солидарност во франкофонскиот простор за инвестирање и создавање нови работни места во насока на намалување на постоечките социо-економски дисбаланси во светски рамки, чиј последици сите ги трпиме. Тој истакна дека за да се превенира радикализмот неопходно е да се создаде мир во завојуваните региони и правичност во можностите за развој. На тој начин и економската соработка може да биде функционална а мигрантските бранови значително би се намалиле. Постои неопходност од почитување на меѓународното право и отргнување на праксата на двојни норми.

31128870582 f048a55e6a k

На маргините на Самитот Личниот претставник на Претседателот оствари бројни средби и разговори со шефови на делегациите околу поважните одлуки на Oрганизацијата. Воедно, покрена теми од национален интерес и во насока на етаблирање и проширување на постоечката соработка, пред се економската, со земјите на Франкофонијата од петте континенти каде немаме дипломатско присуство, а сепак не врзуваат франкофонските вредности и францускиот јазик.

На самитот учествуваа бројни лидери помеѓу кои францускиот претседател Франсоа Оланд како и премиерот на Канада, Џастин Трудо. На овој Самит, за прв пат, млади франкофони од 20 земји меѓу кои и Македонија, беа интегрирани во националните делегации и вклучени во работата на инстанците на Франкофонијата.

Следниот Самит во 2018 година ќе се оддржи во Ерменија а 50 годишнината од креирањето на Франкофонијата во 2020 година ќе биде одбележена со Самит во Тунис.

Конзуларни услуги