Македонија во светот

На 7-ми декември 2016 година во просториите на Претставничкиот дом се одржа основачки состанок на Парламентарната група за јапонско-македонска соработка при јапонскиот Парламент (Диет), на кој присуствуваа претставници од јапонското МНР, а во чии рамки амбасадорот на Република Македонија во Токио, д-р Андријана Цветковиќ одржа презентација за Република Македонија на јапонски јазик.

 

japonija1

Формирањето на парламентарната група беше иницирано на средбата меѓу поранешниот претседател на Владата на Република Македонија г-н Никола Груевски и премиерот на Јапонија г-н Шинзо Абе во рамки на посетата на Груевски на Јапонија во 2014 година по повод дваесет годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу двете земји.  За Претседател на Парламентарната група за јапонско – македонско пријателство е назначен г-н Таимеи Јамагучи, истакнат парламентарец и досегашен носител на високи општествени фунции во Јапонија. Меѓу членовите на парлементарната група се следните истакнати парламентарци: Шефот на Кабинетот на премиерот Шинзо Абе г-н Јошихиде Суга, актуелниот Државен министер за надворешни работи г-н Кентаро Соноура, Заменикот министер за финансии г-н Сугавара Исшу, Парламентарниот заменик министер за образование г-ѓа Мајуко Тојота, како и други видни парламентарци.

Амбасадорот Цветковиќ го поздрави основањето на парламентарната фрупа и одржа презентација за Република Македонија на јапонски јазик. Изразувајќи големо задоволство од денешното формирање на пратеничката група која ќе придонесе за понатамошно зајакнување на билатералните односи, особено во контекст на парламентарната соработка, направи краток осврт на односите меѓу двете земји со посебен акцент на отворањето на македонска Амбасада во Јапонија и претстојното отворање на јапонска Амбасада во Македонија на почетокот на 2017 година. Во детали информираше за економските политики на Владата на РМ и поволностите кои земјава ги нуди за странските инвеститори. Ги нагласи предностите за отпочнување бизнис во Технолошко-индустриските развојни зони, истакнувајќи дека како резултат на многубројните реформи во еконската областа Македонија е на 10-то место во светски рамки на извештајот Doing Business на Светска банка. Ги презентираше природните богатската и туристичките потенцијали, упатувајќи покана до членовите на групата да ја посетат Република Македонија во 2017 година и да се започне со реализација на парламентарна соработка.

japonija3

Пригодно обраќање имаше и г-н Манагу Мијагава, заменик директорот на Бирото за европски работи при јапонското МНР, кој информираше дека во изминатите неколку години билатералните односи меѓу Македонија и Јапонија бележат особено значаен напредок, притоа акцентот поставувајќи го врз отворањето на македонската Амбасада во Токио, како и претстојното отворање на јапонска Амбасада во Скопје. Ја нагласи плодната соработка во делот на здравствената дипломатија, како и потенцијалот на земјава за јапонски инвеститори.

Формирањето на парламентарната група за јапонско-македонска соработка при јапонскиот Парламент е од особено значење за понатамошното зајакнување на односите меѓу двете земји, особено во делот на парламентарната соработка. Со претстојното отворање на јапонска Амбасада во Македонија на почетокот на 2017 година се очекува во голема степен да се продлабочи соработката меѓу двете земји во сите сфери од заемен интерес.

На основачкиот состанок присуствуваа околу 30 парламентарци кои земаа учество во дискусијата, поздравувајќи го формирањето на групата и изразувајќи  надеж за понатамошно продлабочување на билатераните односи меѓу двете земји.

Конзуларни услуги