Македонија во светот

По повод одбележувањето на 15 годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу Република Македонија и Обединетите Мексикански Држави, амбасадорите на двете држави во Република Србија, Н.Е. г-ѓа Вера Јовановска – Типко и Н.Е. г-дин Марко Антонио Гарција Бланко, денес во Белград потпишаа Меморандум за разбирање помеѓу Министерството за надворешни работи на Република Македонија и Министерството за надворешни работи на ОМД за воспоставување на политичките консултации за прашања од заеднички интерес. 

image 0 02 05 770621adca6f0bf6072081cd8cfb0039b624b5dbdea891b68514095e1df96877 V

Овој Меморандум е прв од ваков вид помеѓу двете држави и отвора простор за многу поконктретна соработка на сите полиња, што би требало да резултира со зацврстување на односите, особено во економската и туристичка размена помеѓу двете држави.

Воедно оваа прилика беше искористена од двете страни и за потпишување на дополнителни два договори. Меморандумот за разбирање помеѓу Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извоз од македонска страна и ПроМексико од мексиканска страна, кој отвора можности за подобра економска соработка помеѓу двете држави. Се потпиша и Договор за соработка помеѓу Стопанската комора на Република Македонија и Бизнис советот за надворешни инвестиции при Обединетите Мексикански држави, кој би помогнал во зацврстување на бизнис релациите и соработката на компании од двете држави.

По потпишувањето следеше свечен коктел за одбележување на 15 годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу двете држави, на кој беше промовирано и посебно лого за пријателството помеѓу двата народи.

Конзуларни услуги