Македонија во светот

На 26 февруари по повод 13 годишнината од авионската несреќа во која загина ППРМ Б. Трајковски и членовите на делегацијата пред спомен – обележјето кај Матича Брда, Ротимље, општина Столац кај Мостар беше одадена почит за загинатите.

Bih1

По тој повод, венци свежо цвеќе положија делегација од Владата на РМ, предводена од Заменикот министер за економија Христијан Делев, претставниците на Кабинетот на ПРМ Ѓ. Иванов, Бригадниот Генерал Мирче Ѓоргоски -Аѓутатнт, посебен советник за внарешна политика Флора Кадриу и претставникот на Секторот за надворешна политика Вела Трајковска, нерезидентниот Воен аташе на Република Македонија за Босна и Херцеговина -полковник Донче Кузманов, делегација од Претседателството на БиХ, делегација од Парламентот на БиХ, делегација од Министерството за надворешна трговија и економски односи на БиХ, делегација од Министерството за одбрана на БиХ делегација на МНР на БиХ, претставници на Град Мостар и Градоначалникот на градот Мостар Љубо Бешлиќ, претставници на Херцеговачко-неретванската жупанија, претставниците на Армијата на РМ кој учествуват во Операцијата EUFOR ALTEA во БиХ и претставниците на македонските здруженија во БиХ.

Bih2

 

 

Конзуларни услуги