Македонија во светот

На 17 февруари 2017 година, амбасадата на Република Македонија во Астана во соработка со Универзитетот КАЗГУУ го организираше Ден на Македонија, на кој амбасадорот Илија Псалтиров одржа презентација за Македонија, нејзината историја и природни убавини, по што беше преставена изложбата на цртежи со македонски национални носии. За време на настанот, во живо беше презентирана и носија стара повеќе од 100 години од регионот на Скопска Црна Гора, по што следеше музичка програма на македонски и казахски народни песни.

Astana1

Исто така, присутните имаа можност да вкусат и дел од највкусните македонски традиционални јадења. Во кантината на универзитетот во живо се демонстрираа два начини на подготовка на македонска пита, а беа претставени и неколку други македонски јадења и салати, подготвени од страна на студентите на универзитетот, со помош на претставници од Македонија.

Astana2

За време на настанот, во салата на библиотеката на Универзитетот, амбасадорот Псалтиров ја промовираше книгата „Името е нашата татковина”, по што врачи и пригодни подароци за сите студенти кои активно учествуваа во проектот „Ден на Македонија“, како и на претставниците на Универзитетот.

Конзуларни услуги