Македонија во светот

Во првиот квартал од 2017 година, публиката во Солун имаше можност да се запознае со дел од македонската култура и творештво преку концерт на етно-составот „Чалгија саунд систем“ и литературната вечер организирани од Генералниот конзулат на Република Македонија.

2017 Calgija edit

Музичката група, која ја одржува во живот традицијата на старите чалгиски песни, настапи на фестивалот „Балкан фест“ на 24 февруари 2017 година, пред преполна сала, при што освен чалгиските песни, претстави и дел од својот современ репертоар.

Две седмици подоцна, на 10 март 2017 година, во рамките на програмата за одбележување на Месецот на франкофонијата, во просториите на францускиот институт се одржа поетско читање на повеќе автори од Република Македонија, со наслов ,,Живите гласови на Медитеранот“.

Fr 2017 edit

Проф. Владимир Мартиновски, Николина Андова-Шопова и Ѓоко Здравески, пред љубителите на пишаниот збор, читаа делови од стихозбирки на македонски и француски јазик, додека истите на грчки ги препеа и прочита, поетот и издавач, Јоргос Јанопулос.

Конзуларни услуги