Македонија во светот

На почетокот на 2017 година, публиката во северна Грција имаше можност да се запознае со македонските фолклорни  традиции, преку  успешните настапи на  дебарско - мијачката група „Мајовци “ и на кавадаречката ,,Џоломари“. Имено, на 3 јануари 2017 година во Костур  за прв пат, учествуваше еден од најоригиналните фолклорни музички ансамбли што негува автентичен македонски фолклор од мијачкиот крај  и  кој  успешно ја пренесе  тристогодишната музичка традиција.

2017 Kostur edit

Од друга страна пак, ,,Џоломарите“ на 18 февруари 2017 настапија на карневалот во Кожани, организиран по повод верскиот празник Прочка, при што го изведоа нивниот ритуал со маски, стар околу 100 години.

2017 Dzolomari edit

Настапите се одржаа на покана на македонскиот конзулат во Солун и во организација на локалните власти и организации од Грција.

Конзуларни услуги