Македонија во светот

На 20 март 2017 година, на покана на Шлезискиот Универзитет во Сосновјец (Катовице), вториот најстар лекторат на македонски јазик во Полска, и како резултат на соработката со Амбасадата на Република Македонија во Варшава, се одржа Ден посветен на македонската култура во организација на македонскиот лекторат и лекторот Елена Мицевска. Во рамки на настанот, Вршителот на работи во Амбасадата, Горица Атанасова-Ѓоревска одржа предавање пред студентите македонисти и слависти на тема македонско-полски политички и економски односи во рамки на кое говореше и за културната и образовната соработка и активностите кои Амбасадата ги спроведува во насока на поддршка на истата. 

sosnovjec1

При посетата беа остварени средби со Деканот на Филолошкиот факултет Професор Кжиштоф Јарош, Директората на Институтот за славистика Шимчак-Розлаз и професорите македонисти Миодински и Блашак и беа дискутирани можности за понатамошна соработка и поддршка од страна на Амбасадата во промоцијата на студиите по македонски јазик со цел предизвикување на поголем интерес за нивно изучување. Амбасадата понуди и можност за практиканство на студентите македонисти во Амбасадата на Република Македонија во Варшава.

sosnovjec3

Посетата беше искористена и за збогатување на литературниот фонд на Институтот за славистика со македонски изданија кои Амбасадата ги обезбеди со поддршка на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ Скопје и Институтот за македонска литература со посредништво на Министерството за образование и наука.

Во рамки на настанот, беше промовирана и Македонија како туристичка дестинација и понудени можности за практиканство на студентите и од страна на преставниците на полскиот тур-оператор Рего-Бис кој ова лето започнува со првите чартер летови од Катовице за Охрид, а беше прикажан и документарниот филм ‘Aвстралија, Австралија’ во режија на Столе Попов.

Конзуларни услуги