Македонија во светот

Република Македонија успешно се претстави на 20-от јубилеен Мостарски саем во чиј рамки беше организиран саемот „Вино и земјоделски производи од земјите членки на иницијативата 16+1“. Македонското квалитетно флаширано вино, јагнешко месо, традиционално овчо сирење, домашен ајвар, лутеница,малиџано, се дел од македонските производи кои се дегустираа на националниот промотивен штанд во Мостар, Република Босна и Херцеговина во рамки на Мостарскиот саем што се одржува од 4 до 8 април 2017 година.

SARAEVO1

Македонските производи, чиј вкус традиционално е познат на овие простори, предизвика голем интерес пред бројните странски и домашни посетители, а можноста за претставување на саемот ја искористија 30 земји и околу 800 излагачи.

Македонскиот промотивен штанд беше дизајниран во насока на препознатливост на Македонија како земја со вкусна храна, природни убавини, богата традиција и добра дестинација за започнување и развој на бизниси.

saraevo2

Во рамки на саемот се одржа и дводневна конференција на Иницијативата 16+1 помеѓу земјите од Југоисточна Европа и Народна Република Кина.

saraevo3

Националната промоција ја организираа Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, претставници на македонските производители и Амбасадата на Република Македонија во Сараево.

 

Конзуларни услуги