Македонија во светот

На 8. април 2017 година, во Амбасадата на Република Македонија во Варшава беше организиран прием во чест на познатиот македонски пијанист Симон Трпчески. На приемот, вршителот на работи Горица Атанасова Ѓоревска пред присутните го претстави македонскиот пијанист со светско реноме и говореше за неговите постигнувања, настапи и неговиот придонес кон промоцијата на македонската култура воопшто. 

Slika govor

За време на престојот во Варшава, на 9 април пијанистот Трпчевски одржа солистички концерт.

Концертот беше дел од програмата на 21 Велигденски Фестивал Лудвиг ван Бетовен, еден од најеминетни музички фестивали во Европски рамки, во организација на Бетовен Фондацијата на г-ѓа. Елижбјета Пендерецка.

Конзуларни услуги