Соопштенија

Соопштенија до јавноста

Министерството за надворешни работи на Република Македонија по дипломатски пат побара итна корекција на именувањето на Република Македонија од страна на државни органи во Република Србија. Реакцијата следи по појавата на именување на Република Македонија со референцата и кратенката од референцата на патарините во Република Србија.

Користењето на референцата и кратенката од референцата наместо уставното име на Република Македонија e во спротивност со воспоставените дипломатски односи меѓу Република Македонија и Република Србија.

„Oваа недоследност треба веднаш да биде корегирана. Веруваме дека ваквата провокација која ги навредува чувствата на македонските граѓани не е одраз на добрососедство. Несоодветно и срамно е да се именуваме на навредлив начин помеѓу соседи“.

Државниот секретар во Министерството за Надворешни Работи на Република Македонија, Елена Кузмановска денес го прими амбасадорот на Исламска Република Иран во Република Македонија, Хосеин Карими.

 

Во Крушево за прв пат се организира Зимски камп „Снежна Македонија - 2017“ од страна на Министерството за надворешни работи во периодот од 3 до 8 Јануари. На кампот учествуваaт деца на училишна возраст од Заедниците на Македонците во соседството и истиот е дел од поширокиот владин проект „Далеку, а блиску“ за приближување на сите лица кои имаат македонско потекло, а особено најмладите, негување на македонскиот идентитет и создавање долгорочни врски со Република Македонија и македонската култура. 

Министерството за надворешни работи на Република Македонија го реафирмира проектот „Инфо-центар 24/7“ кој има цел да овозможи поголема достапност на сите информации за работата и услугите на Министерството за надворешни работи за сите засегнати граѓани и странки.

Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија и министер за надворешни работи на Република Македонија, г-дин Никола Попоски, денес по повод предавањето на копиите на акредитивните писма го прими новоименуваниот амбасадор на Буркина Фасо во Република Македонија со седиште во Анкара, г-дин Дицко Амадоу.

Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија и  министер за надворешни работи на Република Македонија,  Никола Попоски, денес го прими новоименуваниот амбасадор на Кралството Мароко во Република Македонија со седиште во Софија  г-ѓа Ел Мидаоуи Закиа, кој ги предаде копиите од неговите акредитивни писма.

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија и министер за надворешни работи Никола Попоски оствари средба со Кијоши Коинума, амбасадор на Јапонија во Република Македонија со седиште во Виена, на која амбасадорот Коинума ги предаде копиите од акредитивните писма.

Тркалезна маса на тема „Постизборни предизвици за евроатлантските интеграции на Македонија“ се одржа денес во МАНУ. На настанот беа нагласени достигнувањата на Република Македонија во реформските процеси на евроатлантското интегрирање на земјата, како единствена перспектива за иднината на Република Македонија.

 

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија и Министер за надворешни работи, Никола Попоски, денес во Загреб, учествуваше на состанокот на Партнерската Комисија на земјите членки на Повелбата за партнерство меѓу Македонија, Албанија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина и САД.

Заменик министерот за надворешни работи на Република Македонија, Илија Исајловски, денес оствари средба со г-ѓа Тања де Зулуета, шеф на Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР на предвремените парламентарни избори во Република Македонија.

 

Конзуларни услуги