Соопштенија

Заменик претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, го прими новоименуваниот вонредeн и ополномоштен амбасадор на Република Молдавија во Република Македонија, со седиште во Софија, Н.Е.г.Штефан Горда, кој ги предаде копиите на акредитивни писма.

IMG 8353

Министерот Попоски му посака добредојде на амбасадорот Горда и изрази уверување дека за време на неговиот мандат, пријателските односи меѓу двете земји  ќе го одржат позитивниот тренд на развој и ќе се збогатат со нови содржини од заемен интерес, подвлекувајќи ја перспективата што ја нуди потенцијалот на економски план.

Конзуларни услуги