Соопштенија

Заменик претседателот на Владата и министерот за надворешни работи на Република Македонија, г-дин Никола Попоски денес ги прими копиите од акредитивните писма од г-дин Алберто Алфредо Мануел Труеба, новоименуван  вонреден и ополномоштен амбасадор на Аргентинската Република акредитиран за Република Македонија, со седиште во Софија.

IMG 8389

На средбата, соговорниците изразија задоволство од динамиката со која се развиваат односите помеѓу Република Македонија и Аргентинската Република, како и од позитивниот развој на севкупната соработка помеѓу двете пријателски држави, како на билатерален, така и на мултилатерален план.

IMG 8398

Во тој контекст, заемно се истакнува силниот интерес за унапредување на политичкиот дијалог, како и за интензивирање на трговската размена и на економската соработка како со Аргентина, така и со другите држави од регионот на Јужна Америка.

Конзуларни услуги