Соопштенија

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија и министер за надворешни работи Никола Попоски денеска оствари средба со претставници на парламентарната Комисија за избори, имунитет и деловничко уредување на германскиот Бундестаг, која престојува во дводневна работна посета на Република Македонија.

 

Bundestag 1

На средбата со германските пратеници беше разговарано за актуелните внатрешно-политички состојби во Република Македонија, економските врски помеѓу двете држави, како и за соработката во процесите на интегрирање на нашата земја во европското семејство.
Беше нотирана принципиелната поддршка на С.Р. Германија за евроинтегративниот процес на нашата земја, како и посветеноста кон исполнувањето на реформите за членството во ЕУ и НАТО. Воедно, беше поздравена и досегашната улога и поддршката од Бундестагот.

„Потребна е зголемената извесност за интегрирање во ЕУ ако сакаме мир и стабилност и во Регионот и во ЕУ“, истакна Попоски. Тој потенцираше дека интеграцијата на Македонија е дотолку важна за земјата што по влезот во ЕУ, историјата би се делела на пред и по членството во Унијата.

Од пратениците беше изразена благодарност за клучната улога што Македонија ја имаше во менаџирањето на мигрантската криза и спречувањето на илегалната миграција.

Конзуларни услуги