Соопштенија

Заменик претседателот на Владата во Република Македонија и министер за надворешни работи Никола Попоски учествуваше на седница на Постојаниот совет на Организацијата за безбедност и соработка на Европа што се одржа денес во Виена. Министерот Попоски одговараше и на прашања од земјите членки на ОБСЕ поврзани со изгледите за надминување на политичката криза, надворешното влијание, ризиците за нестабилност во Регионот и изгледите за интеграција во ЕУ.

DSC 8578

„Веруваме дека може да се врати дијалогот во институциите. Најдобар гарант за тоа да се случи се граѓаните на Македонија. Тие не сакаат дестабилизација, туку само почитување на нивната волја и јасна визија за мир и развој во регионот. Успеавме да направиме поголем број реформи како предуслов и спроведовме фер избори. Малкумина веруваа дека ќе надминеме се по патот. На крајот, потребна ни е само уште јасна иднина во ЕУ“, истакна Попоски.

DSC 8586

Конзуларни услуги