Соопштенија

Заменик министерот за надворешни работи на Република Македонија, Илија Исајловски, директорот на Дипломатска академија при МНР, Аделина Марку и дипломатите франкофони во МНР по повод Месецот на Франкофонијата организираа настан заедно со амбасадорот на Француската Република во Република Македонија, Кристијан Тимоние и директорката на Францускиот Институт во Скопје, Изабел Марши - Барбо.

IMG 8814

На настанот, Заменик министерот за надворешни работи на Република Македонија, Илија Исајловски ја истакна благодарноста на Министерството за континуираната поддршка на Француската Амбасада во Република Македонија во јакнење на капацитетите на македонската државна администрација, а особено на Министерството за надворешни работи, преку специјализираните курсеви по француски јазик наменети за македонските дипломати и повика нанатамошназасилена соработка меѓу Дипломатската Академија во МНР и француските партнери.

Амбасадорот Тимоние изрази задоволство од се поголемиот интерес за изучување на францускиот јазик меѓу дипломатите. Истакна дека францускиот јазик денес се користи како службен јазик во повеќе од 30 меѓународни организации и придонесува за афирмирање на националните интереси на широка основа.

Директорот на Дипломатската академија на МНР, Аделина Марку ја поздрави досегашната активна соработка на Академијата со Амбасадата на Француската Република и уверувањето дека претстојат нови и уште поамбициозни заеднички проекти.

Конзуларни услуги