Соопштенија

Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија и Министер за надворешни работи, Никола Попоски, упати писмо со сочувство до неговиот Египетски колега, Самех Шукри, по повод нападите врз црквите, во градовите Танта и во Александрија во Египет.

 

„Искрено сочувство до семејствата на жртвите и до граѓаните на Египет. На повредените им пожелувам брзо закрепнување. Република Македонија најостро го осудува чинот на тероризам што претставува напад врз Египет, врз египетското единство, и воопшто врз универзалните вредности на човештвото. Даваме силна поддршка на Египет и на меѓународната заедница во борбата против сите форми на тероризам и екстремизам“ - стои во писмото од Министерот Попоски.

Според последните информации, најмалку 25 лица ги загубија животите, а 59 беа повредени во коптската црква во Танта, додека во нападот во Александрија, животите ги загубија 11 лица.

Конзуларни услуги