Соопштенија

Во рамките на спроведувањето на мерките за градење доверба, на 10 април 2017. година, во Солун, се одржаа политички консултации меѓу Република Македонија и Грција.

Консултациите ги водеа Државниот секретар во МНР на Република Македонија, г-ѓа Елена Кузмановска и Политичкиот директор во МНР на Република Грција, Амбасадорот Петрос Мавридис.

За време на состанокот, двете страни разменија мислења за состојбите во Регионот, како и за напредокот во спроведувањето на мерките за градење доверба.
Консултациите се оддржаа во пријателска и конструктивна атмосфера, при што е договорено, следната рунда политички консултации да се одржат до крајот на годинава, во Скопје.

Конзуларни услуги