Соопштенија

На 11. април. 2017., во претседателската палата во Валета, Малта, Амбасадорот на Република Македонија, Оливер  Шамбевски, ги предаде акредитивните писма на Претседателката на Малта, Marie-Louise Coleiro Preca.

pr170929a

Амбасадорот Шамбевски ќе ја покрива Малта, како прв нерезидентен Амбасадор, преку Амбасадата на Република Македонија во Рим.
Во разговорот, по церемонијалниот дел, Претседателката Прека и Амбасадорот Шамбевски изразија задоволство од неодамнешното воспоставување дипломатски односи меѓу двете земји.

pr170929b

Разменија мислења за правците во кои се планира да се развива билатералната соработка, преку заокружување на договорната состојба меѓу двете земји, интерес и поддршка за Македонските државјани во Малта, и особено за поддршката на Малта за членството на РМ во ЕУ.

pr170929c

Беше разговарано и за учеството на Република Македонија во рамки на настаните "Валета европски град на културата за 2018.".
На предавањето на акредитивните писма присуствуваше и Зулфи Исмаили, прв секретар во Валета (преку Амбасадата на Република Македонија во Рим).

pr170929d

Courtesy photo from MFA of Malta.

Конзуларни услуги