Соопштенија

Заменик-министерот за надворешни работи на Република Македонија Илија Исајловски, денеска оствари средба со заменик-министерот за надворешни работи на Република Турција, Ахмет Јалдаз.

 

ilija2

Во контекст на одличните билатерални односи што традиционално се негуваат меѓу двете земји, заменик-министерот Исајловски изрази задоволство што остварените средби на високо ниво и реализираните активности и проекти во повеќе области, ја потврдуваат заедничката волја да се одржи позитивната динамика во билатералната соработка.
Позитивниот тренд на соработка и на економски план придонесува Република Турција во последниве години да се вброи меѓу десетте земји со кои Република Македонија има најголем обем на трговска размена.

Замениците министри искажаа задоволство од изразениот интерес и подготвеност од страна на релевантни стопански и други субјекти од двете земји за натамошно проширување и интензивирање на економската соработка.

ilija1

Соговорниците разменија мислења и заложби за интензивирање на соработката на регионално и на мултилатерално ниво. Притоа, со задоволство беше констатирано дека Република Турција продолжува да биде еден од најгласните промотори на целосната интеграција на Република Македонија во НАТО, како еден од стратешките надворешно-политички приоритети на Република Македонија.

Конзуларни услуги