Соопштенија

Во организација на Дипломатската академија при Министерството за надворешни работи на Република Македонија, група од 62 студенти од 22 држави  од Дипломатската академија од Виена, предводени од директорот на акдемијата д-р Ханс Винклер и австриската амбасадорка Ренате Коблер, престојуваше во Министерството за надворешни работи.

10 05 17 FamilyPhoto web

Во амфитеатарот на МНР воведно обраќање имаше министерот Никола Попоски кој ги запозна гостите со позициите на Република Македонија во однос на нашето членство во ЕУ и НАТО, а потоа следеа обраќања на директорот Винклер и амбасадорката Коблер.

IMG 0959 edit

IMG 0979 edit

Во интерактивна дискусија со студентите, беа елаборирани позициите на Република Македонија во однос на актуелните случувања и предизвиците со кои се соочува Регионот.

IMG 0961 edit

Конзуларни услуги