Соопштенија

Заменик претседателот на Владата на РМ и Министер за надворешни работи, Никола Попоски, учествуваше на Форумот "Еден појас, еден пат", што се одржува во Пекинг, Народна Република Кина.

 

Peking1

На Форумот, на кој учествуваат голем број шефови на држави и влади, се разговараше за перспективите и за идните активности во рамките на овој кинески мега-проект за инфраструктурно и економско поврзување на Азија, Европа, Африка и Блискиот Исток.

Во рамките на Форумот, МНР Попоски имаше обраќање на панел-дискусијата насловена "Поврзаност на развојни политики и стратегии". МНР Попоски истакна дека оваа иницијатива е одлично средство за промоција на транснационалната поврзаност, унапредување на трговската и инвестициската соработка, која, преку развојот, овозможува зајакнување на безбедноста.

Peking2

Тој нагласи дека Република Македонија која се наоѓа долж трасата на стариот "Пат на свилата" и е една од првите членки на Процесот 16+1, меѓу НР Кина и земјите од Централна и Источна Европа, ги препознава можностите и придобивките од оваа Иницијатива и ја гледа како мост за поврзување на трите континенти.

Peking3

МНР Попоски се осврна и на исклучително добрата соработка со НР Кина:"Успешната реализација на досегашните проекти е најдобра гаранција и мотивација за продолжување на соработката. Во овој контекст, успешните приказни не само што треба да продолжат, туку треба да се унапредат на секој можен начин".

На маргините на Форумот, МНР Попоски оствати повеќе средби со свои колеги.

Конзуларни услуги