Соопштенија

На 14 јуни 2017 година, на покана на министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас, министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров престојуваше во официјална посета на Грција.


Sredba Dimitrov Kocias 04

Министерот Димитров оствари тет-а-тет средба со неговиот домаќин министерот Коѕијас, по која следуваше пленарен состанок меѓу делегациите на двете земји предводени од министрите за надворешни работи. Во рамките на посетата, министерот Димитров беше примен и од претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос.

Sredba Dimitrov Kocias 03

Sredba Dimitrov Pavlopulos 01

Во разговорите кои се одвиваа во продуктивна атмосфера беше изразена заедничка заложба за унапредување на односите, засновани врз добрососедство, што е од интерес за стабилноста, безбедноста и просперитетот на регионот. Во тој контекст беше укажано на значењето на натамошната имплементација на мерките за градење доверба, како и на можностите за нивно збогатување со нови содржини во области од заемен интерес.

Sredba Dimitrov Kocias 02

Од грчка страна беше изразена подготвеност за реализацијата на Бизнис форум, меѓу Стопанските комори од двете земји, што се очекува да даде нов поттик на економската соработка.

Грчкиот министер Коѕијас со задоволство ја прифати паканата од министерот Димитров наскоро да ја посети Република Македонија.
Министерот Димитров го запозна својот соговорник за реформските приоритети на македонската Влада, засновани врз почитување на владеењето на правото, изградба на силни институции, независно судство и слободни медиуми. „Нашата цел е да изградиме европска демократија, пред се во интерес на граѓаните на Република Македонија, но и во интерес на соседните земји и земјите од регионот. Тука сум со добра намера, без скриени агенди, да побарам поддршка за отварање на нашите европски и евроатлантски перспективи“ - истакна министерот Димитров.

Sredba Dimitrov Kocias 05

За време на престојот во Атина, МНР Димитров оствари средба и со високиот претставник на Нова Демократија, Јоргос Кумуцакос.

 

Конзуларни услуги