Соопштенија

Денеска, Никола Димитров министер за надворешни работи на Република Македонија оствари средба со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Македонија, амбасадорот Нина Суомалаинен.


Sredba so OSCE 01

На средбата беа разменети мислења за актуелните прашања после изборот на новата Владата на Република Македонија, како и за вкупната соработка на Македонија со ОБСЕ.

МНР Димитров изрази благодарност за континуираната поддршка која Организацијата ја дава на планот на реформите во државата, а посебно за оние кои претставуваат директна поддршка на реализацијата на нашите европски и евроатлански аспирации. Гo пренесе мислењето дека за Македонија, но и за целиот Регион, од исклучително значење е процесот на интегрирање во ЕУ. Министерот информираше за приоритетите на Владата и најактуелните преземања на политички план. МНР Димитров се осврна на прашањето на регионалната соработка помеѓу државите од Балканот и истакна дека истата треба да се одвива согласно најдобрите практики и стандарди прифатени во ОБСЕ.

Sredba so OSCE 02

Амбасадорот Суомалаинен истакна дека постои добра и континуирана соработка помеѓу ОБСЕ и Македонија и дека заеднички е многу вложено во реформските процеси кои опфаќаат широк спектар на области. Таа ја повтори подготвеноста на Организацијата преку својата Мисијата во Скопје, да продолжи да дава поддршка за областите кои се приоритет за Република Македонија.

Конзуларни услуги