Светот во Македонија

На 13 мај, ЗМНР Кипријановска учествуваше на Конференцијата насловена “Building a Cyber Resilient Society in SEE”, која во организација на Центарот за безбедносна соработка RACVIAC од Загреб и Воената академија „ Генерал Михаило Апостолски“ се оддржа во Охрид.

 

На Конференцијата, бројни претставници од политичката, научната и бизнис сферата разговараа за компјутерскиот криминал како дел од современите безбедносни закани и за концептот на национален и регионален пристап кон неговото сузбивање.
Во своето обраќање, ЗМНР Кипријановска истакна дека политиката на технолошкиот развој пред се’ треба да биде во функција на развојот на општеството. Во таа смисла потребна е целосна интеграција во меѓународниот систем на комуникации и информации.
Тенденцијата на се’ почестото користење на информатичко-комуникациските технологии е проследена со константно зголемување на ризикот од високотехнолочки криминал и загрозување на информатичките системи. Поради тоа, Република Македонија како земја кандидат за членство во НАТО и ЕУ е посветена кон развивање на стратегија чии главни цели се заштита на националната безбедност но и на заштита од злоупотреба на личните податоци и чувствителните деловни информации.

Конзуларни услуги