Светот во Македонија

Денес, заменик министерот за надворешни работи на Република Македонија, Драгана Кипријановска оствари средба со специјалниот пратеник на министерот за надворешни работи на Полска за односи со Еврејската дијаспора д-р Себастијан Рејак.

 

На средбата се разговараше за активностите што Владата на Република Македонија ги презема на планот на сеќавањето, образованието и истражувањето на Холокаустот, како и за соработката со Еврејската заедница во Македонија и Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија. Воедно се разговараше и околу можностите за унапредување на билатералната соработка помеѓу Република Македонија и Полска на полето на Холокаустот.

За време на посетата на Рејак на Македонија, во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија ќе одржи предавање на тема „ Подалеку од стандардните Холокауст предавања : Потешките дебати во Источна Европа“

Конзуларни услуги