Светот во Македонија

Денес, во Македонскатата академија на науките и уметностите, со пригодна свеченост беше одбележана 20-годишнината од основањето на Македонско-кинеското друштво за пријателство и соработка, на која свое обраќање пред присутните имаше заменик министерот за надворешни работи на Република Македонија, Драгана Кипријановска

 

SAM 1887

Во обраќањето, таа говореше за значењето на Друштвото чии бројни активности во изминатите дваесет години не само што ги надополнуваа одличните односи на политички, економски, културен и друг план меѓу Република Македонија и Народна Република Кина, туку и откриваа, отвораа, негуваа и продлабочуваа врски и пријателства меѓу двата народи.

Кипријановска нагласи дека овој јубилеј претставува уште една потврда на традиционалното пријателство меѓу Република Македонија и Народна Република Кина, втемелено на извонредно добрите билатерални односи кои во континуитет бележат нагорен тренд и квалитет, со редовен и искрен дијалог и интензивна размена на посети на сите нивоа.

 

Конзуларни услуги