Светот во Македонија

На 18 март 2016 година се одржа свеченото отварање на првиот Почесниот конзулат на Република Белорусија во Република Македонија, со седиште во Скопје, како доказ за постигнатиот напредок во унапредувањето на сѐвкупните односи меѓу двете земји.

 

belarus 2

На церемонијата учествуваше заменик министерот за надворешни работи на Република Македонија, Драгана Кипријановска. Во своето обраќање, Кипријановска истакна дека отворањето на Почесниот конзулат ќе придонесе за реализација на постоечкиот богат потенцијал на двете земји, особено во сферата на економијата, трговијата и инвестициите, а ангажманот на почесниот конзул Борче Марковски ќе даде позитивен импулс за непосредно претставување пред се на економските можности, но и продлабочување на соработката во сферата на културата, образованието, како и во секоја област од заемен интерес.

На церемонијата присуствуваа и претставници на Министерството за надворешни работи на Република Македонија.

Конзуларни услуги