Светот во Македонија

Денес, во просториите на Министерството за надворешни работи,  Дипломатската академија во соработка со претставници од сите директорати на Министерството организираше презентација која имаше за цел размена на искуства и споделување на информации од заедничка корист пред група на млади американски дипломати и практиканти од Амбасадата на САД во Скопје.

SAM 3480

Оваа посета и овозможи на групата посетители да добијат сознанија за повеќе области и тоа: за конзуларното работење, за односите со јавноста, за стратегијата за билатералната политичка и економска соработка на РМ со другите земји, односите на Република Македонија со НАТО и ЕУ, за јавната дипломатија како и за работата на Дипломатската академија и менаџментот.

SAM 3475

Овие неформални средби помеѓу колегите дипломати ги зајакнуваат професионалните врски и отвараат нови видици за проширување на соработката со цел подобри професионални придобивки.

Конзуларни услуги