МИНИСТЕРСТВО

Мисија


Нашата мисија е Република Македонија како сериозен и активен член на меѓународната заедница, кој се залага и придонесува кон светскиот мир и просперитет, да ја промовираме како модерна и стабилна демократија во срцето на Европа и да ги унапредиме и заштитиме нејзините и интересите на македонските државјани.

Надлежности на МНР


(член 8 од Законот за надворешни работи)

  •  МНР ја определува и обележува државната граница, ги одржува и обновува граничните белези и учествува во решавањето на граничните инциденти;
  •  ги предлага и спроведува визната политика и визниот режим на Република Македонија;
  •  раководи со Визниот центар и со визниот информациски систем со кој се обезбедува поврзаност на сите сегменти во процесот на спроведувањето на визниот режим на Република Македонија;
  •  комуницира со и ја координира соработката со странските дипломатско-конзуларни претставништва и со мисиите на меѓународните организации во Република Македонија;
  •  ги води постапката за акредитација и постапката по акредитивните писма на странски амбасадори, постапката за признавање на привилегии и имунитети на странските дипло-матски претставништва и на претставништвата на меѓународните организации, во соглас-ност со меѓународното право;
  •  ја предлага, подготовува и ја води постапката за именување и отповикување на шефо-вите на дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија;
  •  ја води постапката за изнајмување, купување, изградба и одржување на недвижности во други држави за потребите на дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија;
  •  ја собира и чува домашната и странската документација од областа на надворешната политика и меѓународните односи на Република Македонија во Дипломатската архива на Министерството;
  •  го известува претседателот за најзначајните прашања во остварувањето на надворешната политика на државата и дава мислења и предлози во врска со надворешно-политичките прашања од негова надлежност, вклучувајќи ги и безбедносните и одбранбените аспекти кои произлегуваат од меѓународните односи;
  •  учествува во подготовката и примената на актите и иницијативите на претседателот, согласно со надлежностите на Министерството;
  •  остварува соработка со здруженија на граѓани и со научни и стручни институции;
  •  го координира спроведувањето на политичките ставови за учеството во операции за одржување на меѓународниот мир и безбедност, во соработка со надлежните министерства и
  •  врши други работи определени со закон.

Дипломатска традиција


На 29 април 1969 година, со Указ потпишан од Претседателот на Собранието на Социјалистичка Република Македија е воспоставено „Биро за односи со странство,“ во состав на тогашниот Извршен совет на -------. Ова тело понатаму ќе мине низ неколку трансформации, притоа менувајќи го своето име, но и проширувајќи и продлабочувајќи го доменот на својата активност. Во моментот на осамостојување на Република Македонија од Социјалистичка Федеративна Република Југославија, овој орган се вика Секретаријат за односи со странство и претставува основа на денешното Министерство за надворешни работи на Република Македонија. По тој повод, 29 април е прогласен за ден на Министерството за надворешни работи.

Министри за надворешни работи во владата на Република Македонија од осамостојувањето до денес


  1. д-р Денко Малески 20.03.1991 - 09.02.1993
  2. г-дин Стево Црвенковски 09.02.1993 – 23.02.1996
  3. д-р Љубомир Фрчковски 23.02.1996 – 29.05.1997
  4. д-р Благоја Ханџиски 29.05.1997 – 30.11.1998
  5. г-дин Александар Димитров 30.11.1998 – 30.11.2000
  6. д-р Срѓан Керим 30.11.2000 – 13.05 2001
  7. д-р Илинка Митрева 13.05.2001 – 30.11.2001
  8. г-дин Слободан Чашуле 30.11.2001 – 01.11.2002
  9. д-р Илинка Митрева 01.11.2002 – 26.08.2006
  10. м-р Антонио Милошоски 26.08.2006 – 28.07.2011
  11. м-р Никола Попоски 28.07.2011

 

Конзуларни услуги