Државни симболи на Р. Македонија

Грб на Република Македонија


GRB Macedonia

Грбот на Република Македонија претрпел неколку модификации, уште во 1946 година кога е заменет грбот на Народна Република Македонија, a на 16 ноември 2009 со отстранувањето на црвената петокрака го добива својот денешен лик.

Македонскиот државен грб е еден од двата во Европа кои се со пејзажен карактер.

Грбот на Република Македонија претставува поле опкружено со житни класје кои се поврзуваат на врвот, испреплетено со плодови од афион и тутунови лисја, што се поврзани на дното со лента прошарана со народни мотиви.

Среде во полето се оцртува планина во чие подножје тече река, а зад планината изгрева сонце.

 

Знаме на Република Македонија


ZNAME Macedonia Знамето на Република Македонија е официјалното знаме на територијата на државата, усвоено во 1995 година. Од центарот на црвената позадина се распространува златно сонце со осум сончеви краци, кои се простираат од сончевиот диск со проширување до рабовите на знамето. Сончевите зраци се вкрстуваат по дијагонала, хоризонтала и вертикала. Центарот на сонцето се поклопува со точката во која се сечат дијагоналите на знамето. Односот на ширината и должината на знамето е еден наспрема два.

 

Химна на Република Македонија


„Денес над Македонија“ е национална химна на Македонија, компонирана во 1941 година. Автор на текстот е Владо Малески, а автор на музиката Тодор Скаловски. По завршувањето на Втората светска војна е усвоена како химна на Социјалистичка Република Македонија во рамките на поранешна Југославија, а во 1992 година со закон е прогласена и за химна на независна Република Македонија.

   

Денес над Македонија се раѓа,

 

 

Денес над Македонија се раѓа,
ново сонце на слободата!
Македонците се борат,
за своите правдини!
Македонците се борат,
за своите правдини!

Одново сега знамето се вее,
на Крушевската република!
Гоце Делчев, Питу Гули,
Даме Груев, Сандански!
Гоце Делчев, Питу Гули,
Даме Груев, Сандански!

Горите Македонски шумно пеат,
нови песни, нови весници!
Македонија слободна,
слободнo живее!
Македонија слободна,
слободнo живее!

Конзуларни услуги