Директорати
  • ДИРЕКТОРАТ ЗА ПОДДРШКА НА АКТИВНОСТИТЕ НА МНР +

    ДИРЕКТОРАТ ЗА ПОДДРШКА НА АКТИВНОСТИТЕ НА МНР

    Директор

    Ангеза Руси

    Контакт

    02/3110-333 локал 167

     

    1. Цели

    Ги координира сите работи кои се oд надлежност на Министерот, ја следи работата во МНР и ја унапредува меѓусебната соработка со другите Директорати во МНР. Тоа вклучува и координација, логистика и подготовка на документите релевантни за Министерот, одржување на контакти со Претседателот, Собранието и Владата на Република Македонија, како и соработка со другите министерства и државни органи..

    2. Позначајни надлежности

    - Координација, организација и насочување на активностите на Министерот, во и надвор од земјата, координација на соработката на Министерот со Заменик-министерот, Државниот секретар и Директорите во МНР; 
    - Соработка со Претседателот, Собранието и Владата на Република Македонија, и редовно информирање на надлежните органи и институции во Република Македонија за прашања во областа на меѓународните односи и надворешната политика на Република Македонија и други работи што се од надлежност на МНР; 
    - Стручна обработка на прашања за острварување на односи со јавноста, поврзани со активностите на МНР. Координација на медиумските активности на Министерот, Заменикот-министерот, Државниот секретар, Директорите  и другите вработени во МНР; 
    - Информирање на јавноста за актуелните регионални и глобални теми и прашања, поврзани со меѓународните односи и надворешната политика на земјата;
    - Организирање на прес конференции, брифинзи, информативни кампањи во соработка со владини институци или со други надворешни соработници, институции, професионални агенции; 
    - Следење на активностите на Владата, Собранието и нивните тела за остварување на утврдените национални приоритети на Република Македонија;
    - Изработка на темелни анализи поврзани со националните приоритети согласно меѓународно прифатените стандарди, механизми и принципи за остварување на човековите права и на правата на малцинствата; 
    - Покренување на прашањето за почитување и зајакнување на степенот на остварување на правата на македонското национално малцинство во земјите во кои е признато неговото постоењеи активности за а негово признавање или спречување на дискриминацијата по етничка основа; 
    - Организирање летни кампови, школи и курсеви по македонски јазик. 

    3. Организациска структура

    Во составот на Директоратот влегуваат

    - Секторот за координација на активности на Mинистерот 
    - Секторот за односи со јавноста
    - Секторот за национални приоритети
  • ДИРЕКТОРАТ ЗА БИЛАТЕРАЛНИ ОДНОСИ СО ЕВРОПСКИ ДРЖАВИ +

    ДИРЕКТОРАТ ЗА БИЛАТЕРАЛНИ ОДНОСИ СО ЕВРОПСКИ ДРЖАВИ

    Директор

    Корнелија Утевска Глигоровска 
    Контакт 

    02/3110-333 локал 272

     

    1. Цели

    Зајакнување на позицијата на Република Македонија во меѓународната заедница, преку развивање на билатералните односи и унапредување на политичкиот дијалог со европските земји, кои се залагаат за афирмирање на демократските вредности, владеење на правото и човековите права.

    2. Позначајни надлежности

    - Ги следи надворешнополитичките активности и внатрешнополитичките и економските состојби во европските држави на дневна основа; 
    - Предлага проекти, иницијативи и активности за развивање и унапредување на соработката на Република Македонија со европските држави; 
    - Иницира и предлага ставови за надворешнополитички прашања и приоритети во надворешната политика на Република Македонија во делот на односите со европските држави; 
    - Насочување на работата на дипломатските претставништва на Република Македонија во европските земји; 
    - Соработка со странските дипломатски претставништва на европските земји, кои резидентно и нерезидентно ја покриваат Република Македонија. 

    3. Односите на Република Македонија со европските земји

    Односите на Република Македонија со европските земји ги карактеризира дух на пријателство, меѓусебно разбирање и доверба и отсуство на отворени или спорни прашања. Со повеќето од нив, Република Македонија го продолжува нагорниот развоен тренд на соработка на билатерален, регионален и мултилатерален план.

    4. Организациска структура

    Во состав на Директоратот влегуваат

    - Секторот за билатерални односи со државите од Централна и Северна Европа 
    - Секторот за билатерални односи со државите од Западна Европа 
  • ДИРЕКТОРАТ ЗА БИЛАТЕРАЛНИ ОДНОСИ СО ДРЖАВИТЕ ОД ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА И РЕГИОНАЛНИ ИНИЦИЈАТИВИ +

    ДИРЕКТОРАТ ЗА БИЛАТЕРАЛНИ ОДНОСИ СО ДРЖАВИТЕ ОД ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА И РЕГИОНАЛНИ ИНИЦИЈАТИВИ

    Директор
    Горан Стевчевски

    Контакт
    02/3110-333 локал 151

    1. Цели

    Обезбедување подобра и поефикасна регионална соработка преку унапредување на добрососедските односи и зајакнување на улогата на Република Македонија во регионалните иницијативи.

    2. Надлежности

    - Ги следи надворешнополитичките активности и внатрешнополитичките и економските состојби во државите од Југоисточна Европа на дневна основа; 
    - Предлага проекти, иницијативи и активности за развивање и унапредување на соработката на Република Македонија со државите од Југоисточна Европа; 
    - Иницира и предлага ставови за надворешнополитички прашања и приоритети во надворешната политика на Република Македонија во делот на односите со државите од Југоисточна Европа; 
    - Презема активности за зајакнување на регионалната соработка во регионалните иницијативи, од политички, безбедносен и економски аспект; 
    - Следење, анализирање и информирање за економската соработка на Република Македонија во регионалните иницијативи. 

    3. Односите на Република Македонија со соседните земји

    Интензивен развој на билатералните односи, јакнење на меѓусебната доверба и реализација на конкретни иницијатива за побогата соработка се главните белези на проактивната политика на Република Македонија со соседните земји.

    4. Организациска структура

    Во рамките на Директоратот влегуваат

    - Секторот за непосредно соседство 
    - Секторот за пошироко соседство и регионални иницијативи. 
  • ДИРЕКТОРАТ ЗА МУЛТИЛАТЕРАЛНИ ОДНОСИ +

    ДИРЕКТОРАТ ЗА МУЛТИЛАТЕРАЛНИ ОДНОСИ

    Директор
    Игор Џундев

    Контакт
    02/3110-333 локал 108

    1. Цели

    Интензивирање на активностите и зајакнување на позицијата на Република Македонија во мултилатералните организации, со цел реафирмација на ставот за јакнење на мултилатерализмот како инструмент за промоција на мирот, демократијата, човековите права и економскиот развој во услови на сеопфатна глобализација.

    2. Позначајни надлежности

    - Следење на активностите на Република Македонија во ОН и нејзините специјализирани агенции, Меѓународната организација на франкофонијата, ОБСЕ, Советот на Европа и другите мултилатерални организации; 
    - Ги спроведува обврските што произлегуваат од резолуциите на ОН и заклучоците на Советот на Европа; 
    - Активности за развивање и унапредување на односите и соработката на Република Македонија со франкофонијата; 
    - Учествува во следење и имплементација на меѓународни договори од областа на човековите права 
    - Поведување иницијативи за пристапување на Република Македонија кон меѓународните конвенции за контрола на оружјето; 
    - Ја координира и ја насочува работата на мисиите на Република Македонија во горенаведените организации 

    3. Република Македонија во мултилатералните односи

    Како клучно достигнување на Република Македонија во мултилатералните односи се истакнува нејзиниот избор за член на Советот за човекови права за периодот 2014 – 2016 година, што претставува признание за постигнувањата во сферата на промоцијата и заштитата на човековите права.

    4. Организациска структура

    Во состав на Директоратот влегуваат

    - Секторот за Обединети нации и човекови права 
    - Секторот за европска мултилатерала 
  • ДИРЕКТОРАТ ЗА ЕВРОПСКА УНИЈА +

    ДИРЕКТОРАТ ЗА ЕВРОПСКА УНИЈА

    Директор
    Рамадан Назифи

    Контакт
    02/3110-333 локал 271

    1. Цели

    Започнување и успешно водење на процесот на преговори, со цел пристапување на Република Македонија во Европската унија.

    2. Позначајни надлежности

    - Активности за подготовката на Република Македонија за членство во ЕУ преку зајакнување на соработка со институциите на Унијата; 
    - Учество во работата на телата на ЕУ што ја сочинуваат институционалната структура за водење на пристапните преговори; 
    - Координирање на процесот на придржување на Република Македонија кон заедничките декларации, изјави и демарши во рамките на заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ; 
    - Следење, анализирање и информирање за работата на институциите на ЕУ; 
    - Следење на секторските политики на ЕУ согласно со Спогодбата за асоцијација и стабилизација;
    - Следење на институционалниот развој и реформи на Република Македонија во ЕУ; 
    - Активности за натамошно унапредување на односите со земјите-кандидати и потенцијални кандидати за членство. 

    3. Република Македонија и Европската унија

    Позитивната оцена на Европската комисија во 2013 година и повторената петта едноподруго препорака за почеток на пристапните преговори на Република Македонија со Европската унија претставуваат јасен показател за постигнатиот суштински напредок во евроинтегративниот процес.

    4. Организациска структура

    Во состав на Директоратот влегуваат

    - Секторот за преговори со ЕУ 
    - Секторот за политички односи со ЕУ 
  • ДИРЕКТОРАТ ЗА ОРГАНИЗАЦИОНИ РАБОТИ +

    ДИРЕКТОРАТ ЗА ОРГАНИЗАЦИОНИ РАБОТИ

    Директор
    Александар Угриноски

    Контакт
    02/3110-333 локал 207

    1. Цели

    Непречено извршување на задачите на Министерството за надворешни работи и дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство и усогласеност на нивната работа со законската регулатива.

    2. Позначајни надлежности

    - Реализација на јавни набавки, архивско работење и служба за достава; 
    - Одржување и грижа за имотот на Р. Македонија во земјата и странство; 
    - Подготвува програма за развој на човечките ресурси;
    - Води грижа за остварување на правата и должностите на вработените во Министерството согласно со општите и посебните прописи за работење; 
    - Ги координира активностите поврзани со странска помош преку потпишување билатерални договори или соработка со други донатори; 
    - Извршува задачи поврзани со проектирање, инсталирање, одржување и развој на информатичкиот систем и ресурси поврзани со информатичка опрема; 
    - Извршува работи поврзани со следење и примена на законски и подзаконски акти од областа на буџетско, материјално-финансиско и сметководствено работење на Министерството и неговата дипломатска мрежа.

    3. Организациска структура

    Во состав на Директоратот влегуваат:

    - Секторот за општи работи 
    - Секторот за управување со човечки ресурси 
    - Секторот за стратегиско планирање 
    - Сектор за информациско-комуникациски технологии 
    - Сектор за финансиски прашања 
    - Секторот за правни работи и безбедносни прашања 
  • ДИРЕКТОРАТ ЗА БИЛАТЕРАЛНИ ОДНОСИ СО ВОНЕВРОПСКИ ДРЖАВИ +

    ДИРЕКТОРАТ ЗА БИЛАТЕРАЛНИ ОДНОСИ СО ВОНЕВРОПСКИ ДРЖАВИ

    Директор
    Ненад Колев

    Контакт
    02/3110-333 локал 803

    1. Цели

    Зајакнување на позицијата на Република Македонија во меѓународната заедница преку развивање на билатералните односи и унапредување на политичкиот дијалог со воневропските земји, кои се залагаат за афирмирање на демократските вредности, владеење на правото и човековите права.

    2. Позначајни надлежности

    - Ги следи надворешнополитичките активности и внатрешнополитичките и економските состојби во воневропските држави на дневна основа; 
    - Предлага проекти, иницијативи и активности за развивање и унапредување на соработката на Република Македонија со воневропските држави 
    - Иницира и предлага ставови за надворешнополитички прашања и приоритети во надворешната политика на Република Македонија во делот на односите со воневропските држави; 
    - Презема активности во насока на продлабочување на билатералната соработка во приоритетните домени од заемен интерес, збогатување на нормативно-правната рамка и олеснување на визниот режим со воневропските земји; 
    - Насочување на работата на дипломатските претставништва на Република Македонија во воневропските земји; 
    - Соработка со странските дипломатски претставништва на воневропските земји, кои резидентно и нерезидентно ја покриваат Република Македонија. 

    3. Односите на Република Македонија со воневропските земји

    Република Македонија негува блиски пријателски односи со повеќето воневропски земји. За истакнување се континуираните заложби за воспоставување поинтензивна комуникација и збогатување на соработката во сите сфери од заемен интерес.

    4. Организациска структура

    Во состав на Директоратот влегуваат

    - Секторот за Америка, Источна Азија и Пацифик 
    - Секторот за Евроазија, Јужна Азија, Блискиот Исток и Африка
  • ДИРЕКТОРАТ ЗА ПОЛИТИЧКО БЕЗБЕДНОСНА СОРАБОТКА +

    ДИРЕКТОРАТ ЗА ПОЛИТИЧКО БЕЗБЕДНОСНА СОРАБОТКА

    Директор

    Мира Крајачиќ

    Контакт
    02/3110-333 локал 203

    1. Цели

    Имајќи ја предвид стратегиската определба на Република Македонија за членство во НАТО, Директоратот има цел унапредување на односите на Република Македонија и Алијансата и зајакнување на улогата на земјава како контрибутор во безбедноста и стабилноста преку учество во мировните операции на глобално ниво.

    2. Позначајни надлежности

    - Одржување и развивање на политичкиот дијалог меѓу РМ и НАТО; 
    - Соработка и координација во рамките на надлежностите на Работниот комитет за интеграција на РМ во НАТО; 
    - Активности предвидени со Акциониот план за членство и Годишната национална програма за членство во НАТО 
    - Активности предвидени со Партнерството за мир (ПМ), Процесот за планирање и процена (ПАРП) и Индивидуалната партнерска програма (ИПП); 
    - Следење на работата на Парламентарното собрание на НАТО; 
    - Координација на активностите во рамките на Повелбата за партнерство (А5); 
    - Координација на активностите во рамките на Групата за управување со безбедносната соработка во ЈИЕ (SEEGROUP) 

    3. Актуелни настани

    - Активностите предвидени со 15-от циклус на Акциониот план за членство 
    - Претседавање на РМ со Групата за управување со безбедносната соработка во ЈИЕ (SEEGROUP) во 2014 година во НАТО 
    - Активности поврзани со Самитот на НАТО, 4-5 септември 2014 год., Велс, Обединето Кралство 

    4. Организациска структура

    Во состав на Директоратот влегуваат

    - Секторот за НАТО и планирање на операции 
    - Секторот за меѓународна и регионална политичко-безбедносна соработка 
  • ДИРЕКТОРАТ ЗА ЕКОНОМСКА ДИПЛОМАТИЈА +

    ДИРЕКТОРАТ ЗА ЕКОНОМСКА ДИПЛОМАТИЈА

    Директор
    Хилда Колевска

    Контакт
    02/3110-333 локал 221

    1. Цели

    Промоцијата на економските интереси на Република Македонија во странство, нејзиното претставување како привлечна дестинација за странски инвестиции преку промоција на предностите за водење бизнис, поттикнување на македонскиот извоз, обезбедување поголема вклученост во проектите на меѓународните економски организации, насочени, пред сè, кон зголемување на економскиот раст и зајакнување на позицијата на земјата како доверлив бизнис-партнер и дестинација.

    2. Позначајни надлежности

    - Ги следи билатералните економски односи на Република Македонија со другите држави и предлага активности за нивно унапредување; 
    - Врши надворешна промоција преку своите дипломатски претставништва за олеснување на влез на македонските фирми на трети пазари, како и проширување на активностите на веќе постојните фирми во странство; 
    - Организира средби со претставници од бизнис-заедницата и стопанските комори за идентификување на потребната поддршка во реализација на целите; 
    - Организира посети на претставниците на дипломатскиот кор во земјата, ги запознава потенцијалните бизнис-партнери од странство за економски капацитети на нашата земја 
    - Подготвува анализи за влијанието на меѓународните економски текови врз унапредувањето на економските односи и соработката на земјата со меѓународните, економски и финансиски организации; 
    - Ги следи меѓународните економски односи во рамките на мултилатералните активности; 
    - Имплементација на меѓународните економски договори и договорно регулирање на прашањата од областа на меѓународните организации. 

    3. Организациска структура

    Во составот на Директоратот влегуваат

    - Секторот за билатерални економски односи и следење на економските активности на дипломатско конзуларните претставништва 
    - Секторот за мултилатерални економски односи 
  • ДИРЕКТОРАТ ЗА КОНЗУЛАРНИ РАБОТИ +

    ДИРЕКТОРАТ ЗА КОНЗУЛАРНИ РАБОТИ

    Директор
    Звономир Поповиќ

    Контакт
    02/3110-333 локал 254

    1. Цели

    Обезбедување повисок квалитет на конзуларните услуги на македонските државјани, како и заштита на интересите на Република Македонија и нејзините државјани во странство, во согласност со внатрешната законска регулатива, Виенската конвенција за конзуларни односи, конвенциите донесени во рамките на Хашката конференција за меѓународно приватно право, билатерални договори и други меѓународни документи на кои Република Македонија е страна потписничка.

    2. Позначајни надлежности

    - Интензивирање и продлабочување на конзуларната соработка со странските држави преку одржување конзуларни консултации;
    - Легализација на документи;
    - Издавање и евиденција на пасоши и продолжување на визи во дипломатските и службените патни исправи;
    - Учествува во работата на меѓуресорските и меѓудржавните тела за одбележување на државните граници во координација со Министерството за внатрешни работи и Министерството за одбрана, врши координација на прелетите на странски и домашни нецивилни воздухоплови;
    - Користење на податоците во Националниот визен информациски центар - Н-Вис систем вклучително и одделни дејства во визната постапка; 
    - Одобрување барања за визи, следење на миграцијата на населението; 
    - Издавање ноти за посредување за виза за службените патувања на претставници на државните институции; 

    3. Организациска структура

    Во составот на Директоратот влегуваат

    - Секторот за конзуларни работи 
    - Секторот за дипломатски и службени пасоши, граници и прелети 
    - Секторот за граници и прелети
    - Секторот визен центар - Н-Вис систем 
  • ДИРЕКТОРАТ ЗА ДИПЛОМАТСКИ ПРОТОКОЛ +

    ДИРЕКТОРАТ ЗА ДИПЛОМАТСКИ ПРОТОКОЛ

    Директор
    Кенан Рамадани

    Контакт
    02/3110-333 локал 397

    1. Цели

    Успешна реализација на државни, официјални, работни и други видови посети, од организациски аспект, организирање на протоколарниот церемонијал при предавањето на акредитивните писма на амбасадорите на странски држави или слични акти на шефовите на претставништва на меѓународните владини организации акредитирани во или за Р. Македонија, како и обезбедување, остварување и уживање на имунитетите и привилегиите од нивна страна.

    2. Позначајни надлежности

    - Активности во насока на подготовка на посети на министерот за надворешни работи во странство, како и посета на странски министри за надворешни работи на Република Македонија; 
    - Подготвување и организација на меѓународни средби кога домаќин е министерот за надворешни работи; 
    - Организирање куртоазен пречек на аеродромите и други гранични премини на странски министри за надворешни работи; 
    - Организирање транспорт, сместување и друга логистичка поддршка на странски високи делегации; 
    - Активности во врска со наименување почесни конзули и координирање на нивната работа; 
    - Водење соодветна евиденција во врска со остварувањето и уживањето на привилегиите што произлегуваат од меѓународните конвенции и домашното законодавство; 
    - Спроведување постапка за наименување амбасадори на Република Македонија во странски држави и меѓународни организации. 

    3. Организациска структура

    Во состав на Директоратот влегуваат

    - Секторот за дипломатски протокол и 
    - Секторот за дипломатски сервис 
  • ДИРЕКТОРАТ ЗА МЕЃУНАРОДНО ПРАВО +

    ДИРЕКТОРАТ ЗА МЕЃУНАРОДНО ПРАВО

    КОНТАКТ:

    Директор

    Наташа Дескоска

    Контакт

    02/3110-333 локал 151

     Амбасадор Слободан Ташовски,

    Помошник директор, Сектор за меѓународни договори, Директорат за меѓународно право

     1. Цели

    Активно следење на развојот и кодификацијата на меѓународното право, како и континуирани заложби за збогатување на нормативно-правната рамка на Република Македонија со другите држави во светот, како фундаментална основа за продлабочување на соработката во сите сфери од заемен интерес и афирмација на земјава како респектабилен член на меѓународната заедница.

    2. Позначајни надлежности

    -

    Дава правни мислења и совети од аспект на меѓународно јавно право, меѓународно право за правата на човекот, меѓународно хуманитарно и меѓународно кривично право, како и за примена на правото на меѓународните организации и за актуелни прашања од меѓународното право;

    -

    Врши работи поврзани со соработката со меѓународните правосудни институции: Меѓународен кривичен суд, Меѓународен суд на правда, Постојаниот Арбитражен суд во Хаг, Хашката Конференција за меѓународно приватно право и специјализираните судови на ООН и извршува активности поврзани со застапувањето на интересите на Република Македонија во постапките пред меѓународните правосудни институции;

    -

    Учествува во подготовка и во спроведување на постапката за склучување и ратификација на склучени меѓународни договори и во спроведување на постапките за пристапување кон повеќестрани договори;

    -

    Усогласување и компарирање на правото на ЕУ со меѓународно правните обврски на Република Македонија;

    -

    Давање правни мислења и совети за прашања од надворешните односи на Република Македонија, од аспект на правото на ЕУ;

    - Врши електронско евидентирање на склучените меѓународни договори; 
    - Извршува други работи од делокруг на својата надлежност. 

    3. Организациска структура

    Во состав на Директоратот влегуваат

    - Секторот за меѓународно право и право на ЕУ 
    - Секторот за меѓународни договори.
  • ДИРЕКТОРАТ ЗА АНАЛИТИКА И ЈАВНА ДИПЛОМАТИЈА +

    ДИРЕКТОРАТ ЗА АНАЛИТИКА И ЈАВНА ДИПЛОМАТИЈА

    Директор
    Гоце Георгиевски

    Контакт:
    02/3110-333 локал 648

    1. Цели

    Учествува во креирањето и остварувањето на приоритетните цели на Министерството за надворешни работи преку свои анализи, согледувања, информации, резимеа и оцени за суштински теми и прашања од регионален и глобален карактер.

    Натамошното зајакнување на капацитетите на јавната дипломатија, со цел позасилена присутност во странската јавност, првенствено преку создавање поголема „видливост“ на Република Македонија и на позитивна перцепција за нашата земја и нејзините аспирации, особено во контекст на европските и евроатланските интеграции.

    2. Позначајни надлежности

    - Изготвува информации за одредени регионални и глобални теми и прашања; 
    - Подготвува студи, анализи, елаборати, планови и информации од областа на надворешната политика; 
    - Планира и имплементира активности од доменот на јавната дипломатија; 
    - Подготвува форуми и трибини на одредени прашања; 
    - Прибирање и чување на домашната и странската документација, како и за изборот и процесирањето на архивска граѓа од трајна вредност; 
    - Редовно издавање на публикацијата месечен дипломатски билтен; 
    - Редовно издавање на македонскиот надворешнополитички журнал „Crossroads“; 
    - Соработува со Архивот на Република Македонија и архивите на МАНУ и другите институции. 

    3. Организациска структура

    Во состав на Директоратот влегуваат

    - Секторот за аналитичко истражување, 
    - Секторот за јавна дипломатија 
    - Секторот за дипломатски архив и документација
  • ДИРЕКТОРАТ ЗА ВНАТРЕШНА РЕВИЗИЈА +

    ДИРЕКТОРАТ ЗА ВНАТРЕШНА РЕВИЗИЈА

    Директор
    Роза Живковска

    Контакт
    02/3110-333 локал 164

    1. Цели

    Во функција на исполнување на целите на Министерството за надворешни работи кон подобрување на успешноста во процесите на управување со ризикот, контролата и раководењето, внатрешната ревизија ги координира на ревизорски активности поврзани со ревизорските програми и извештаи, планирање и извршување ревизии согласно со законските прописи и меѓународните стандарди. Целта на внатрешната ревизија е обезбедување дополнително уверување дека имплементираните системи за менаџмент и контрола се соодветни, економични и конзистентни со прифатените стандарди и националното законодавство.

    2. Позначајни надлежности

    - Планира, организира и спроведува внатрешна ревизија, вклучувајќи ја подготовката на План за ревизија;
    - Ги распоредува активностите, ги проценува потребните ресурси и го известува министерот за политиките, плановите и активностите на Директоратот;
    - Дава препораки за системите и процедурите што се предмет на ревизијата;
    - Изготвува извештаи за наодите и препораките во соодветната извршена ревизија;
    - Врши мониторинг на исполнувањето и имплементирањето на препораките од одговорниот раководен менаџмент во Министерството;
    - Координација на ревизорски активности поврзани со ревизорските програми и извештаи, планирање и извршување ревизии согласно со законските прописи и меѓународните стандарди;

    3. Организациска структура

    Во составот на Директоратот за внатрешна ревизија влегуваат

    - Секторот за внатрешна ревизија во Министерството за надворешни работи 
    - Секторот за внатрешна ревизија во дипломатско-конзуларните претставништва
  • ИНСТИТУТ ЗА ГЕОСТРАТЕШКИ ИСТРАЖУВАЊА И НАДВОРЕШНА ПОЛИТИКА +

    ДИРЕКТОРАТ - ИНСТИТУТ ЗА ГЕОСТРАТЕШКИ ИСТРАЖУВАЊА И НАДВОРЕШНА ПОЛИТИКА

    Директор
    Абдулкадар Мемеди

    Контакт
    + 389 2 3129 510

    во Министерството за надворешни работи на Република Македонија започна со работа на 1.8.2012 година, по претходно усвоен заклучок на Владата на РМ од 3.7.2012 година.

    За Институтот
    Институтот за геостратешки истражувања и надворешна политика (ИГИНП), како засебен Директорат во рамки на Министерстовото за надворешни работи, е формиран со одлука на Владата на Република Македонија во август 2013-та година. ИГИНП за релативно кратко време се профилира како сериозно истражувачко, аналитичко и оперативно тело во рамките на Министерството за надворешни работи и пошироко, како единствена институција од ваков вид во Република Македонија.
    Една од основите дејности на Институтот е да придонесе во дефинирањето на стратешките цели и приоритети на Република Македонија, преку следење, анализа и истражување на локалните, регионалните и глобалните геополитички прилики и текови.
    Значаен сегмент на работењето на Институтот е изготвувањето на сеопфатни геополитички истражувања, анализи, прегледи, вести и други документи/материјали, со цел навремено и редовно информирање на највисокото државно раководство, други надлежни и специфични институции, како и дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија.
    Воедно, Институтот придонесува кон продлабочување и интензивирање на севкупната билатерална, регионална и меѓународна соработка на Република Македонија, преку заедничко организирање на конференции, тркалезни маси, дебати, трибини и истражувања, со цел размена на идеи, мислења, ставови и искуства.
    Во своето работење, Институтот покрај промовирање на официјалните политики на Република Македонија, се раководи и од принципот на академска слобода на изразување.
    Меѓу другото, ИГИНП воспоставува партнерства и соработува со голем број на сродни реномирани меѓународни Институти, невладини организации и think-tank-ови, со што придонесува за промовирање на Република Македонија на меѓународен план.

    1. Визија, мисија, цели

    Визија

    Градење на надворешната политика, што ќе биде насочена кон давање значаен придонес за активно учество на Република Македонија во меѓународните и глобалните политички текови и дебати.

    Мисија

    Генерирање на стратегиските насоки од државен интерес и нивно промовирање пред домашната и странската јавност, како и промовирање и поттикнување ставови, гледишта, позиции во рамките на експертско-дебатните форуми и конференции, кои би биле од полза во процесот на креирање политики и носење решенија во сферата на надворешната политика.

    Цели

    - Континуирано градење на  капацитетите на Институтот согласно стандардите на европските, меѓународните и глобалните сродни институти;
    - Вложување и стратегиски развој на човечките ресурси преку нивно соодветно профилирање;
    - Развој на истражувачките капацитети и анализа на теми и прашања од интерес на Министерството за надворешни работи и од поширок општествен интерес;
    - Организирање дебати, презентации, конференции и тркалезни маси, со цел размена на идеи, ставови, гледишта помеѓу домашни и меѓународни експерти, дипломати, аналитичари, како и научни соработници од различни области;
    - Воспоставување соработка и реализација на заеднички проекти со други сродни национални и меѓународни институти, научно-истражувачки центри, невладини и “think-tank“ организации, во чии рамки се третираат теми и прашања од регионално, европско и глобално значење.

    2. Позначајни надлежности

    - Генерира стратешки насоки од државен интерес и врши нивна промоција пред домашната и странската јавност, како и меѓународно етаблирање на Институтот преку воспоставување на соработки, реализација на проекти и давање на соодветни препораки на делување;
    - Изготвува и евалуира документи од стратешко значење за Република Македонија, каде што се третираат актуелни политички, економски, регионални и меѓународни текови, како и нивното влијание врз Република Македонија и нејзината надворешна политика;
    - Длабински ги истражува политичките, економско-социјалните и безбедносните прилики, надворешно-политичките збиднувања на билатерален, регионален и глобален план, со фокус на нивното влијание врз меѓународната позиција на Република Македонија и заштита на нејзините национални интереси; 
    - Изготвува соодветни документи и материјали - сеопфатни геополитички истражувања, анализи, прегледи, вести и други документи/материјали (policy papers, position papers, information papers, и сл.), со цел навремено и  редовно информирање на Министерството за надворешни работи, на највисокото државно раководство, други надлежни и специфични институции, како и дипломатско-конзуларните претставништва на Република  Македонија. 
    - Изготвува проценки, препораки и сценарија околу можниот развој на регионални и глобални настани и ситуации и на нивното можно влијание врз Република Македонија и нејзината надворешна политика. Во таа насока предлага стратегии и алатки за имплеменатција на соодветни политики;
    - Координира  и реализира  проекти за заедничка соработка со други национални и меѓународни институти, научно-истражувачки центри, „think-tank“ организации, академската заедница,  државни институции, како и со научни соработници, експерти и аналитичари од Република Македонија и странство; 
    - Врши јавно популаризирање и отварање на теми поврзани со регионот, Европа и светот, кои се од стратешко значење за Република Македонија и нивна соодветна обработка; 
    - Организира  настани во форма на конференции, дебати, трибини, тркалезни маси, семинари, работилници и други активности, чија основна цел е дискусија, размена на мислења и јавно популаризирање на регионални и глобални теми, кои се од стратешко значење за Република Македонија;
    - Организира  издавање и публикување на трудови на истакнати поединци, научни соработници, експерти и аналитичари, во кои се третираат прашања од национално и стратешко значење за Република Македонија, како и на аудио визуелна продукција на Институтот; 
    - Континуирано соработува со академската заедница во Република Македонија и други државни институции.
  • ДИПЛОМАТСКА АКАДЕМИЈА +

    ДИРЕКТОРАТ ЗА ДИПЛОМАТСКА АКАДЕМИЈА

    Директор

    Аделина Марку

    Контакт:

    02/3110-333 локал 652

     

    1. Цели

    Натамошно развивање на воспоставениот систем на дипломатска едукација на сегашните и на идните дипломатски кадри, со цел ефикасно одговарање на професионалните предизвици поставени пред нив.

    2. Позначајни надлежности

    - Врши процена за нивото, видовите и потребите за обуки на вработените во Министерството за надворешни работи; 
    - Известува за курсеви, обуки и семинари што се нудат во студиските програми на странските дипломатски академии и институти за надворешна политика; 
    - Се грижи за едукација на новопримениот кадар; 
    - Активно учествува во подготовката и организацијата за полагање на дипломатските и советнички испити; 
    - Учествува во подготовката на дипломатите пред нивното упатување во претставништвата низ светот, како и организација на нивните завршни разговори и бранења на тези; 
    - Организира курсеви за јазик и соработува со сродните институции од регионот и пошироко. 

    3. Организациска структура

    Во состав на Дипломатската академија влегуваат

    - Секторот за дипломатска едукација 
    - Секторот за стручно усовршување и соработка 
  • 1

Конзуларни услуги