Институт за Геостратешки Истражувања и Надворешна Политика

ИНСТИТУТ ЗА ГЕОСТРАТЕШКИ ИСТРАЖУВАЊА И НАДВОРЕШНА ПОЛИТИКА

ДИРЕКТОРАТ - ИНСТИТУТ ЗА ГЕОСТРАТЕШКИ ИСТРАЖУВАЊА И НАДВОРЕШНА ПОЛИТИКА

Директор
Абдулкадар Мемеди

Контакт
+ 389 2 3129 510

во Министерството за надворешни работи на Република Македонија започна со работа на 1.8.2012 година, по претходно усвоен заклучок на Владата на РМ од 3.7.2012 година.

За Институтот
Институтот за геостратешки истражувања и надворешна политика (ИГИНП), како засебен Директорат во рамки на Министерстовото за надворешни работи, е формиран со одлука на Владата на Република Македонија во август 2013-та година. ИГИНП за релативно кратко време се профилира како сериозно истражувачко, аналитичко и оперативно тело во рамките на Министерството за надворешни работи и пошироко, како единствена институција од ваков вид во Република Македонија.
Една од основите дејности на Институтот е да придонесе во дефинирањето на стратешките цели и приоритети на Република Македонија, преку следење, анализа и истражување на локалните, регионалните и глобалните геополитички прилики и текови.
Значаен сегмент на работењето на Институтот е изготвувањето на сеопфатни геополитички истражувања, анализи, прегледи, вести и други документи/материјали, со цел навремено и редовно информирање на највисокото државно раководство, други надлежни и специфични институции, како и дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија.
Воедно, Институтот придонесува кон продлабочување и интензивирање на севкупната билатерална, регионална и меѓународна соработка на Република Македонија, преку заедничко организирање на конференции, тркалезни маси, дебати, трибини и истражувања, со цел размена на идеи, мислења, ставови и искуства.
Во своето работење, Институтот покрај промовирање на официјалните политики на Република Македонија, се раководи и од принципот на академска слобода на изразување.
Меѓу другото, ИГИНП воспоставува партнерства и соработува со голем број на сродни реномирани меѓународни Институти, невладини организации и think-tank-ови, со што придонесува за промовирање на Република Македонија на меѓународен план.

1. Визија, мисија, цели

Визија

Градење на надворешната политика, што ќе биде насочена кон давање значаен придонес за активно учество на Република Македонија во меѓународните и глобалните политички текови и дебати.

Мисија

Генерирање на стратегиските насоки од државен интерес и нивно промовирање пред домашната и странската јавност, како и промовирање и поттикнување ставови, гледишта, позиции во рамките на експертско-дебатните форуми и конференции, кои би биле од полза во процесот на креирање политики и носење решенија во сферата на надворешната политика.

Цели

- Континуирано градење на  капацитетите на Институтот согласно стандардите на европските, меѓународните и глобалните сродни институти;
- Вложување и стратегиски развој на човечките ресурси преку нивно соодветно профилирање;
- Развој на истражувачките капацитети и анализа на теми и прашања од интерес на Министерството за надворешни работи и од поширок општествен интерес;
- Организирање дебати, презентации, конференции и тркалезни маси, со цел размена на идеи, ставови, гледишта помеѓу домашни и меѓународни експерти, дипломати, аналитичари, како и научни соработници од различни области;
- Воспоставување соработка и реализација на заеднички проекти со други сродни национални и меѓународни институти, научно-истражувачки центри, невладини и “think-tank“ организации, во чии рамки се третираат теми и прашања од регионално, европско и глобално значење.

2. Позначајни надлежности

- Генерира стратешки насоки од државен интерес и врши нивна промоција пред домашната и странската јавност, како и меѓународно етаблирање на Институтот преку воспоставување на соработки, реализација на проекти и давање на соодветни препораки на делување;
- Изготвува и евалуира документи од стратешко значење за Република Македонија, каде што се третираат актуелни политички, економски, регионални и меѓународни текови, како и нивното влијание врз Република Македонија и нејзината надворешна политика;
- Длабински ги истражува политичките, економско-социјалните и безбедносните прилики, надворешно-политичките збиднувања на билатерален, регионален и глобален план, со фокус на нивното влијание врз меѓународната позиција на Република Македонија и заштита на нејзините национални интереси; 
- Изготвува соодветни документи и материјали - сеопфатни геополитички истражувања, анализи, прегледи, вести и други документи/материјали (policy papers, position papers, information papers, и сл.), со цел навремено и  редовно информирање на Министерството за надворешни работи, на највисокото државно раководство, други надлежни и специфични институции, како и дипломатско-конзуларните претставништва на Република  Македонија. 
- Изготвува проценки, препораки и сценарија околу можниот развој на регионални и глобални настани и ситуации и на нивното можно влијание врз Република Македонија и нејзината надворешна политика. Во таа насока предлага стратегии и алатки за имплеменатција на соодветни политики;
- Координира  и реализира  проекти за заедничка соработка со други национални и меѓународни институти, научно-истражувачки центри, „think-tank“ организации, академската заедница,  државни институции, како и со научни соработници, експерти и аналитичари од Република Македонија и странство; 
- Врши јавно популаризирање и отварање на теми поврзани со регионот, Европа и светот, кои се од стратешко значење за Република Македонија и нивна соодветна обработка; 
- Организира  настани во форма на конференции, дебати, трибини, тркалезни маси, семинари, работилници и други активности, чија основна цел е дискусија, размена на мислења и јавно популаризирање на регионални и глобални теми, кои се од стратешко значење за Република Македонија;
- Организира  издавање и публикување на трудови на истакнати поединци, научни соработници, експерти и аналитичари, во кои се третираат прашања од национално и стратешко значење за Република Македонија, како и на аудио визуелна продукција на Институтот; 
- Континуирано соработува со академската заедница во Република Македонија и други државни институции.

Конзуларни услуги