ЦЕИ Претседателство

Македонија – претседател со ЦЕИ за 2015 година

Република Македонија оваа година по втор пат претседава со Централната Европска Иницијатива (ЦЕИ), продолжувајќи го поставувањето, подобрувањето и промоцијата на стратешките цели на ЦЕИ, како поддршка на државите-членки на ЦЕИ во нивниот пат кон Европската интеграција; промоција на усогласувањето на државите-членки на ЦЕИ со стандардите на ЕУ; имплементација на мали и средни проекти и отвореност за конверзија на конструктивни идеи во иновативни резултати.

Работата на овогодинешното претседателствување е во согласнот со Акциониот план 2014-2016, усвоен пред неколку години во рамки на тогашните ЦЕИ Министерски состаноци. Во согласност со планираните приоритети, оваа година, Република Македонија одржа неколку настани и ќе продолжи да организира нови, од национална, регионална и меѓународна важност.

Во јуни, Македонија е главен организатор на овогодинешниот Министерски состанок, каде ќе се разговара за неколку европски проблематики а ќе се заврши со усвојување на communiqué. Главни учесници на Состанокот се министри за надворешни работи на државите членки на ЦЕИ, нивни заменици и/или специјални претставници.

Освен Република Македонија, држави-членки на ЦЕИ се Албанија, Австрија, Белорусија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешка, Молдавија, Црна Гора, Полска, Романија, Србија, Словачка, Унгарија, Италија, Словениjа и Украина.

Основана во 1989 година, ЦЕИ претставува регионален меѓувладин форум посветен на поддршка на Европската интеграција преку соработка помеѓу државите-членки. Ги комбинира мултилатералната дипломатија и проектниот менаџмент, двострано и како донор и како реципиент, истовремено премостувајќи ги Европските макро-региони.

Дополнителната вредност на ЦЕИ е во специфичната оперативна структура, како и фондовите и другите инструменти.

Конзуларни услуги