Акредитација на медиуми

Покана до претставници од средствата за јавно информирање

 

На 15.06.2015 година во хотел „Метропол“ во Охрид, со почеток во 9 часот ќе се одржи Министерскиот состанок на Министрите за надворешни работи на државите членки на Централно-европската иницијатива (ЦЕИ), во рамки на овогодинешното претседавање на Република Македонија со ЦЕИ.

На состанокот ќе присуствуваат министри за надворешни работи, заменици министри за надворешни работи, претставници на министерства за надворешни работи и/или нивни претставници од државите членки на ЦЕИ како Македонија, Албанија, Австрија, Белорусија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешка, Молдавија, Црна Гора, Полска, Романија, Србија, Словачка, Унгарија, Италија, Словенија и Украина.

Покрај нив, на состанокот ќе присуствуваат и специјални претставници од Европската Унија, Европската банка за реконструкција и развој, Секретаријатот на ЦЕИ, ОБСЕ, Совет на Европа, Советот на Балтички држави, РЦЦ и многу други.

 

За присуство на настанот ве покануваме да се акредитирате најдоцна до 11.06.2015 година, пополнувајќи го ФОРМУЛАРОТ.

 

За подетални информации, прочитајте го и ВОДИЧОТ ЗА МЕДИУМИ.

За било какви дополнителни прашања поврзани со настанот, Ви стоиме на располагање.

Лице за контакт:
Боро Мирчески
Е-пошта: boro.mirceski@mfa.gov.mk
Телефон: +389 78 572 039

Конзуларни услуги