Приоритети

cei logo mkd

Главни приоритети на Македонското претседателство со ЦЕИ за 2015 година:

  • Продолжување на иницијативите и покренување нови, заедно со имплементација на приоритетите на ЦЕИ истакнати во Планот за акција 2014-2016 и половичниот преглед на Планот за акција на ЦЕИ;
  • Фокус на Западен Балкан, промоција на предностите на регионот и додадената вредност на интеграцијата на сите држави од Западен Балкан во Европската Унија;
  • Понатамошен фокус на макро-регионалните стратегии – инклузивност на регионалниот пристап на ЕУ, вклученост на Европската Комисија во активностите на ЦЕИ, особено во улогата на ЦЕИ како мост помеѓу макро-регионите;
  • Континуиран развој на енергетската и транспортната инфраструктура што ги поврзува сите држави-членки на ЦЕИ, со посебен фокус на Коридорите 8 и 10, што поминуваат низ државите од ЦЕИ;
  • Зајакнување на бизнис димензијата преку организација на продуктивен и фокусиран Бизнис форум од интерес на сите држави-членки;
  • Акцент на одржливиот развој и агробизнисот, како и на општество базирано врз знаења, во согласност со аспектите од ЦЕИ агендата за 2014-2016 година;
  • Активна соработка со други релевантни меѓународни и регионални организации, особено со Агенциите на Обединетите Нации, како следствена активност од ОН-ЦЕИ Резолуцијата, како и со меѓународните финансиски институции како ЕБРД;
  • Зајакнување на улогата на ЦЕИ како важен актер во регионот, подобрувајќи ја неговата состојба.

Други ЦЕИ приоритети:

  • Промоција на образование и тренинзи за иновации;
  • Економски пораст и креирање на работни места, следствено со линиите од моделот „Тројна спирала “ (наука, академија и претприемништво);
  • Елиминирање на бариерите за школување на возрасни;
  • Подобрување на можностите за вработување на специфични „сензитивни“ групи, млади лица и возрасни;
  • Овозможување на пристап до институциите за повисоко образование, како и до Универзитетите.

Конзуларни услуги