Економска дипломатија

Владата на Република Македонија како свој врвен приоритет го постави економскиот напредок на земјата. Министерството за надворешни работи и нејзините дипломатски претставништва, преку економска дипломатија, се битни носителите на обврската за спроведување на овој приоритет. Во оваа насока, Министерството во секојдневното работење е фокусирано на:

  • претставување на Република Македонија како привлечна дестинација за странски инвестиции преку промоција на предностите на водење бизнис
  • активности за поттикнувањето на извозот на македонски производи. Овие активности придонесуваат за зајакнување на позицијата на земјата како доверлив бизнис-партнер и дестинација.
  • активности за промовирање на Република Македонија како атрактивна туристичка дестинација и за зголемување на бројот на туристите што ја посетуваат земјата.
  • Привлекување странски инвестиции +

    Напорите за привлекување странски инвестиции и условите што се нудат во земјата за водење бизнис дадоа резултат. Во земјата работат голем број реномирани странски фирми, како што се: Johnson Controls, Johnson Maтtey, Kromberg & Schubert, Kemet Corporation, Van Hool, Dräxlmaier.

    Бизнис-климата што се создаде во земјата има многу предности за странски фирми што сакаат да го прошират својот бизнис надвор од својата земја, односно сакаат да инвестираат во Македонија.

    Компаративните предности што ги нуди Република Македонија (евтина и квалификувана работна сила, Влада што е пријателски настроена кон странските инвестиции, евтини трошоци, едношалтерски систем, даночни поволности и субвенции, добра инфраструктура и сл.) нудат опкружување што е поволно за основање и водење бизнис.

  • Поттикнување на извозот на македонски производи +

    Економската дипломатија со посебно внимание ги поддржува активностите на македонските извозници како двигатели на порастот на здравата економија - економијата што се заснова врз производство, создавање нови работни места, истражување и иновации, преку:

     -  решавање на меѓународните отворени економски прашања што ја засегаат Република Македонија;
     -  отстранување на трговските пречки и бариери и олеснување на влез на македонските фирми на трети пазари, како и проширување на активностите на веќе постојните фирми во странство;
     -  следење и детектирање на предизвиците со кои се соочуваат нашите бизнисмени во странство;
     -  средби со претставници од бизнис-заедницата и стопанските комори за идентификување на потребната поддршка во реализација на целите;
     -  организирање посети на претставниците на странските амбасади на нашите економски капацитети за подобро запознавање;

    Трговската размена со странство се врши во услови на либерализација на трговијата врз основа на билатерални договори за слободна трговија со Турција и Украина и со земјите-членки на ЕФТА и ЦЕФТА и согласно со Спогодбата за стабилизација и асоцијација меѓу Република Македонија и земјите-членки на Европската унија. Согласно со Спогодбата за стабилизација и асоцијација, македонскиот извоз на индустриски и земјоделски производи (освен квоти за виното, говедско месо и риба) од 1 јуни 2001 година се одвива без царина. Од 1 јануари 2011 година, земјите-членки на ЕУ и Република Македонија применуваат слободна трговска зона во индустрискиот сектор, што значи целокупната трговија во индустрискиот сектор се одвива без царина.Имајќи предвид дека Република Македонија стана полноправна члена на Светската трговска организација, на 4.4.2003 година, трговските односи се регулираат и согласно со правилата и принципите на оваа организација.

    Во последните години, трговската размена со странство бележи пораст. Во извозот, најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, производите од железо и челик (валани производи), облеката и преработките од нафта. Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), платината и легурите на платина, необработени или во прав, електричната енергија и други моторни возила за превоз на лица.

    Најголемо учество во извозот( www.stat.gov.mk ) на стоки имаат земјите-членки на ЕУ (72.,6%) и земјите од Западен Балкан (17.,9%), а во увозот на стоки најголемо учество имаат земјите-членки на ЕУ 28 (62.,4%) и други земји, на друго место неспоменати (11.,6%). Според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Македонија најмногу тргува со Германија, Грција, Велика Британија, Србија и Италија (49.,9% од вкупната надворешно-трговска размена се врши со овие пет земји).

    Поддршка на фирмите во напорите за присуство на странски пазари вршат и стопанските комори

    www.mchamber.org.mk ; www.sojuzkomori.org.mk ; www.masit.mk ; www.oemvp.org

  • Промовирање на Република Македонија како атрактивна туристичка дестинација +

    Напорите на економската дипломатија се насочени и кон промовирање на туристичките можности на Република Македонија. Кaко резултат на активна промоција, во последните години бројот на странски туристи и бројот на ноќевањата е двојно зголемен.

    Убавините и туристичките можностите на Република Македонија се огромни и вреди да се откријат.

    Во насока на промоција на туристичките можности на Република Македонија се основани туристички развојни зони кои што се наменети за изградба на хотелски капацитети од висок ранг.

  • 1

Конзуларни услуги