Франкофонија

Република Македонија стана полноправна членка на Меѓународната организација на Франкофонијата на 28 септември 2006 г., за време на Самитот на Франкофонијата што се одржа во Букурешт, Романија. Претходно, РМ имаше статус на набљудувач што го стекна на Самитот во Ханој, Виетнам во 1997 г. по што следуваше подигнување на статусот во асоцијативно членство, во Монктон, Канада, во 1999 година.

Членството на Република Македонија во Франкофонијата, се заснова, пред сè, врз прифаќањето на темелните принципи и вредности на оваа Организација што соодветствуваат и со европските определби: залагање за мир во светот, демократија, човекови права, рамномерен и одржлив развој, образование, обука, наука и истражување, млади и спорт, нови информатички технологии, афирмација и заштита на културната и јазичната разновидност и солидарност. Франкофонијата е истовремено меѓународна политичка институција и простор за политички, културен, и економски дијалог на различни земји што ја споделуваат истата визија за светот, посебно за предизвиците што ги креира глобализацијата.

Покрај поттикот за негување на историската традиција и присуството на францускиот јазик кај нас, членството во Франкфонијата Република Македонија го гледа како можност за афирмација на македонскиот идентитет, јазик, историја и богато културно наследство, како и на сите вредности на современото македонско општество - мирот, демократијата, толеранцијата и солидарноста. Тоа се всушност темелните вредности на Франкофонијата. Во таа насока, Р. Македонија ќе ја засили и својата активност во наредниот период. Францускиот јазик е дел од историјата на Македонија, но исто така и нераскинлив дел од нејзината европска иднина.

Преку Националната комисија за Франкофонија, Република Македонија секоја година со голем број активности и манифестации во различни области го одбележува Денот на Франкофонијата – 20 март.

Со Амбасадата на Франција во Скопје, на ова поле, РМ остварува продлабочена соработка преку која се изведуваат голем број активности за промоција на франкофонијата и се остваруваат програми за изучување на францускиот јазик во јавната администрација.

(*) За Франкофонијата

Терминот Франкофонија прв пат се употребува во 1880 година од страна на географот Onesime Reclus во намера да го обележи географскиот простор во кои се зборуваше францускиот јазик. На почетокот на XX век, франкофонските интелектуалци покажуваат свесност за постоење на заеднички лингвистички простор. Во втората половина на XX век, франкофонијата се институционализира. Во 1970 година е основана Меѓународната агенција на Франкофонијата.

На 20 март 1970 година, е основан меѓународниот нуклеус на организацијата. 20 март секоја година се одбележува како Меѓународен ден Франкофонијата. Македонија како и сите други франкофонски земји го одбележуваат овој ден. Оттогаш се зборува за две комплементарни реалности:

  • франкофонија, која се однесува на говорителите на францускиот јазик, целосно или парцијално во секојдневната комуникација
  • франкофонија, како заедница на државите и владите, кои го споделуваат, односно го употребуваат францускиот јазик

Во 2005 г. Агенцијата прераснува во Организација од меѓународен карактер со 77 земји-членки и набљудувачи, кои го споделуваат францускиот јазик. Јазикот на Молиер го употребуваат 220 милиони луѓе и заедно со англискиот јазик, се карактеризираат како единствени два јазика што се употребуваат на петте континенти.

Францускиот е рангиран како шести најраспространет јазик во светски рамки по мандаринскиот кинески, англискиот, хинду, шпанскиот и арапскиот јазик. По англискиот, францускиот јазик е најраспростарнет јазик во образовниот систем со околу 120 милиони студенти половина милиони наставен кадар надвор од границите на Франција.

Целите на Организацијата се:

  • Промоција на францускиот јазик, културната и јазичната различитост;
  • Промоција на мирот, демократијата и човековите права;
  • Поддршка на образованието, насочувањето во високото образование, истражувањето;
  • Развивање на соработката во служба на оддржливиот развој и на солидарноста

Во оваа насока: Декларацијата од Бамако ги етаблираше механизмите и постапките според кои може да се постапува доколудоколку се прекршат уставните закони и сериозно нарушување на човековите права во една од земјите на Франкофонијата. Декларацијата од Св. Бонифачио упатува на превенција на конфликтите и хуманата безбедност.

Поставеност на Организацијата:

  • Собири на високо ниво или Самит на Франкофонијата;
  • Министерска конференција на Франкофонијата;
  • Постојан Совет на Франкофонијата (комисии за политика, економија, административна и финансиска, соработка и програмирање, други ад- хок комисии)

Самитите на Франкофонијата се оддржуваат на секои две години. Последниот Самит на Франкофонијата, 14-ти по ред, се оддржа во Киншаса, Демократска Република Конго, од 12 до 14 октомври 2012 г. Следниот Ссамите е предвиден за во 2014 година и ќе биде организиран од Сенегал.

За повеќе информации:

 

Конзуларни услуги