Патување во Шенген зоната

КОНЗУЛАРНИ УСЛУГИ

ЗА МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ

ЗА СТРАНСКИ ДРЖАВЈАНИ

1. Безвизен режим со земјите-потписнички на Шенгенскиот договор

Согласно со одлуката на ЕУ за либерализација на визниот режим со Република Македонија донесена на 19 декември 2009 г., на македонските државјани им се овозможува безвизен влез и претстој до 90 дена, во период до шест месеци, во земјите-потписнички на Шенгенскиот договор.

За престој подолг од 90 дена, потребно е државјаните на Република Македонија да аплицираат за долгорочна виза или за дозвола за престој.

Земји-потписнички на Шенгенскиот договор

  • 25 земји-членки на ЕУ: Австрија, Белгија, Бугарија, Германија, Грција, Данска, Естонија, Италија, Кипар, Литванија, Летонија, Луксембург, Малта, Полска, Португалија, Романија, Словенија, Словачка, Унгарија, Финска, Франција, Холандија, Чешката Република, Шведска, Шпанија.
  • 3 земји што не се членки на ЕУ: Исланд, Норвешка и Швајцарија.

2. Посебна процедура на граничните премини со Грција

Државјаните на Република Македонија добиваат печат за влез и излез од територијата на Грција на посебен лист, кој може да се подигне од:

  • Граничните премини со Грција;
  • Канцеларијата за врски на Грција во Скопје;
  • Конзулатот на Грција во Битола.

Посебниот лист треба да се понесе при патување во Грција и другите земји од шенген-зоната во период од една година по неговата последна употреба.


3. Преминување на надворешните граници на шенген-зоната

На државјаните на Република Македонија при преминување на надворешните граници на шенген-зоната може да им бидат побарани некои од следниве документи:

[ A ] за деловни патувања, односно настани поврзани со работа:

  • покана за присуство на состаноци, конференции или настани поврзани со трговија, индустрија или со работа;
  • други документи со кои се утврдува постоењето трговски односи или односи поврзани со работењето;
  • билети за саеми и конгреси, доколку се посетуваат.

[ Б ] за патувања со образовна цел:

  • потврда за запишување во наставна институција за следење стручни или теоретски курсеви во рамките на основна и стручна обука;
  • студентска легитимација или потврда за следење курс.

[ В ] за патувања за туристички или приватни потреби:

  • доказ/потврда за сместување;
  • доказ за маршрутата на патување;
  • доказ за враќање (повратен билет).

[ Г ] за патувања од политички, научни, културни, спортски или религиозни настани или од други причини:

  • покани, билети, пријави или програми во кои, доколку е можно, е наведено името на организацијата што е домаќин и времетраењето на престојот,
  • друга потврда во која се наведува целта на посетата.

[ Д ] доказ за поседување доволно финансиски средства:

  • преку готовина, патнички чекови, кредитни картички и/или изјави за спонзорство, согласно со утврдените износи од страна на секоја од земјите.

[ Ѓ ] потврда за патничко/здравствено осигурување за времетраење на патувањето.


4. Можност за одбивање влез во шенген-зоната

На државјанин на Република Македонија може да не му биде одобрен влез во шенген-зоната доколку не ги исполнува потребните услови. Во таков случај, засегнатиот има право на образложена одлука во писмена форма, издадена од овластен орган, како и право на жалба на одлуката што не го одложува нејзиното извршување.

Конзуларни услуги