Информации за патници кои патуваат во земји за кои е неопходна превентивна здравствена заштита

КОНЗУЛАРНИ УСЛУГИ

ЗА МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ

ЗА СТРАНСКИ ДРЖАВЈАНИ

Проверете дали земјата каде што сакате да патувате се наоѓа на една од наведените листи под А и Б.

Доколку земјата во која сакате да патувате се наоѓа на една од долунаведените листи, обратете се до најблискиот центар за јавно здравје и почитувајте ги дадените препораки од здравствените работници, со цел да го заштитите сопственото здравје и здравјето на најблиските.

А. Листа на држави за ко е неопходна превентивна здравствена заштита, согласно со документот на СЗО „Меѓународно патување и здравје“, 2012

(тропски и карантински болести)

Авганистан Етиопија Нигер
Алжир Замбија Нигерија
Ангола Зелено’ртски Острови Пакистан
Арапска Република Зимбабве Панама
Аргентина Индија Папуа Нова Гвинеја
Азербејџан Индонезија Парагвај
Бангладеш Иран Перу
Белисе Ирак Република Кореја
Бенин Источен Тимор Руанда
Бутан Јемен Сао Томе и Принсипе
Боливија Јужна Африка Саудиска Арабија
Боцвана Камбоџа Сенегал
Бразил Камерун Сиера Леоне
Брегот на Слоновата Коска Кенија Сирија
Буркина Фасо Кина Сомалија
Бурунди Киргистан Судан
Вануату Колумбија Суринам
Венецуела Коморски острови Свазиленд
Виетнам Конго Таџикистан
Габон Костарика Танзанија, Обединета Република
Гамбија Лаос Тајланд
Грузија Либерија Того
Гана Мадагаскар Турција
Гватемала Малави Туркменистан
Гвинеја Малезија Тувалу
Гвинеја Бисао Мали Узбекистан
Гвајана Мавританија Филипини
Демократска Народна Република Кореја Мајот (француски територијални колективитет) Француска Гвајана
Демократска Република Конго (Заир) Мексико Хаити
Доминиканска Република Мароко Хондурас
Еквадор Мозамбик Централноафриканска Република
Ел Салвадор Мијанмар (порано Бурма) Чад
Екваторијална Гвинеја Намибија Џибути
Еритреја Непал Шри Ланка
Ерменија Никарагва  

Б. Листа на држави со ендемска/епидемиска форма на полиомиелитис – детска парализа:

Авганистан Кенија
Пакистан Камерун
Нигерија Етиопија
Сомалија    Сириската Арапска Република

Сите патници што патуваат во региони и од региони зафатени со полиомиелит, треба да бидат соодветно вакцинирани.

  • Патниците што патуваат во земји зафатени со полио, а кои претходно примиле три или повеќе дози на орална полиовакцина (OPV) или инактивирана полиовакцина (IPV), исто така треба да примат една доза од вакцината пред поаѓање.
  • Патниците што патуваат во земји зафатени со полио, а кои претходно не биле вакцинирани, треба да бидат примовакцинирани (да ја добијат комплетната серија на примовакцинацијата, која се состои од три дози полиовакцина, на растојание од 4 недели), пред поаѓањето.

Совет до сите патници е:

да го понесат со себе вакциналниот картон, Меѓународниот сертификат за вакцинација и профилакса, IHR 2005, бидејќи може да им биде побаран доказ за вакцинација против полио при влез во некои земји. http://spravkavspb.com

Конзуларни услуги