Државјанство на Република Македонија

КОНЗУЛАРНИ УСЛУГИ

ЗА МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ

ЗА СТРАНСКИ ДРЖАВЈАНИ

1. Уверение за државјанство на Република Македонија

Државјани на Република Македонија што живеат/престојуваат во странство подолго од шест месеци можат да поднесат барање за Уверение за државјанство во најблиското дипломатско-конзуларно претставништво.


2. Стекнување државјанство на Република Македонија

Лица што имаат право на државјанство на Република Македонија можат да започнат процедура за негово добивање во најблиското дипломатско-конзуларно претставништво.

Повеќе информации за условите за стекнување на државјанство може да  прочитате на веб страната на Министерството за внатрешни работи на Р. Македонија >>

Потребни документи:

  • Барање за државјанство;
  • Извод од Матичната книга на родените на интернационален образец (ако е издаден од странски орган, не постар од шест месеци);
  • Извод од Матичната книга на венчаните на интернационален образец (ако е издаден од странски орган, не постар од шест месеци);
  • Доказ за решено станбено прашање во Република Македонија;
  • Доказ за постојан извор и висина на материјалните средства за егзистенција (потврда за висина на платата или на пензијата);
  • Доказ за познавање македонски јазик (доколку барателот посетувал настава во Република Македонија, како доказ се подразбира оригинал свидетелството или копија заверена на нотар).

3. Отпуст од државјанство на Република Македонија

Државјаните на Република Македонија можат да се откажат од македонското државјанство доколку ги исполнуваат следниве услови:

  • имаат наполнето 18 години;
  • ги имаат намирено сите свои имотноправни и законски обврски кон сите државни и приватни органи, претпријатија, организации и други правни и физички лица;
  • ги имаат регулирано сите свои имотноправни и други законски обврски од брачен однос или однос на родители и деца кон лица што живеат во Р. Македонија;
  • имаат доставено доказ од надлежен орган дека не е поведена стечајна постапка, односно постапка за престанок на трговско друштво чиј основач или содружник се, или постапка против трговец-поединец, доколку тоа се;
  • не се води кривична постапка за кривично дело за кое се гони по службена должност;
  • имаат издржано казна затвор дело за кое се осудени;
  • имаат доказ за странско државјанство или дека ќе добијат странско државјанство веднаш штом ќе добијат отпуст од македонското државјанство;

Повеќе информации прочитајте на веб страната на Министреството за внатрешни работи на Р. Македонија >>

Потребни документи за откажување од македонското државјанство:

  • Пополнето барање за отпуст од државјанство на Р. Македонија (pdf download);
  • Биографија на подносителот на барањето потпишана лично;
  • Извод од Матичната книга на венчаните, доколку е во брак;
  • Гаранција дека ќе биде примен во странско државјанство;
  • Доказ за наплатена такса од 10 евра во Централен регистар на Р. Македонија;
  • Согласност од детето над 14-годишна возраст, доколку барањето за отпуст е за него;
  • Согласност од родителите за дете до 18-годишна возраст.

Во интерес на безбедноста на Република Македонија, поднесеното барање за отпуст од македонско државјанство може да биде одбиено.

Конзуларни услуги