Издавање имотни листови

КОНЗУЛАРНИ УСЛУГИ

ЗА МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ

ЗА СТРАНСКИ ДРЖАВЈАНИ

Од 1 јануари 2015 година државјаните на Република Македонија, кои времено или постојано престојуваат во Соединетите Американски Држави, Канада, Република Австрија и Република Србија, ќе можат веднаш да добијат имотен лист, преку дипломатските и конзуларните претставништва на Република Македонија во Детроит, Торонто, Виена и во Белград..


Што треба да направите?

Поднесете молба (се добива во едно од горенаведените дипломатски и конзуларни претставништва), во која освен личните податоци, ќе наведете и податоци за недвижниот имот за кој барате имотен лист, и тоа: име на општина, име на катастарска општина, број на имотен лист, број на катастарска парцела, број на зграда, број на влез и број на посебен дел од зграда (стан, деловна просторија, гаража и друго).

Со молбата задолжително давате на увид и ваш документ за лична идентификација и утврдување на државјанскиот статус (македонски пасош или лична карта, чиј рок на важност не е истечен).

Доколку имотот не е во ваша сопственост, потребно е да поднесете и оригинал полномошно (доколку тоа не е дадено на нотар во Република Македонија, треба да биде извршена легализација на овој документ).

Повеќе информации можете да најдете во делот за легализација на документи >>).

Во случај недвижниот имот да не е ваша сопственост и немате полномошно, издадениот имотен лист нема да содржи лични податоци (Единствен матичен број на граѓанинот) за сопственик на имотот.


Надомест за издавање на имотниот лист

За издадениот имотен лист сте должни:

  • да платите конзуларна такса согласно со тарифните броеви 131 и 132 од Законот за административни такси во вкупен износ од 14 евра (доколку барањето се поднесува во амбасадите на Република Македонија во Виена и во Белград), односно 17 евра во соодветна противвредност во САД, односно канадски долари (доколку барањето се поднесува во генералните конзулати на Република Македонија во Детроит и Торонто)
  • да платите надоместокот кон Агенцијата за катастар на недвижности во висина од 150,00 денари за издавање на имотниот лист согласно со Тарифникот на Агенцијата за катастар на недвижности, како и банкарска провизија за извршената трансакција.

Плаќањето се врши исклучиво со платежна картичка поддржана од Casys и друг соодветен софтвер.


Напомена:

Имотниот лист може да се добие исклучиво во 1 (еден) оригинален примерок.

Конзуларни услуги