Издавање спроводница

КОНЗУЛАРНИ УСЛУГИ

ЗА МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ

ЗА СТРАНСКИ ДРЖАВЈАНИ

Спроводница за македонски државјанин што починал во странство се издава во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија, од чие јурисдикциско подрачје се пренесува телото на починатото лице.

Потребни документи за издавање спроводница:

  • Барање за издавање спроводница:
  • Доказ за државјанство на Република Македонија (патна исправа или лична карта);
  • Извод од Матичната книга на умрените издаден од државата каде што настапила смртта;
  • Лекарски извештај за причината за настанатата смрт (причината за смрт да не биде заразна болест);
  • Одобрение (потврда) за пренос на починатото лице од државата каде што настапила смртта;
  • Податоци за начинот на пренос на починатото лице (доколку преносот се врши по копнен пат, потребно е издавање спроводница од сите земји низ кои ќе транзитира телото на починатиот);
  • Име и презиме на лицето што ќе го придружува починатото лице;
  • Доколку починатото лице не е македонски државјанин, спроводницата се издава по добивање согласност од Министерството за внатрешни работи на Република Македонија.

Конзуларни услуги