Влез во Р. Македонија со Шенген виза

КОНЗУЛАРНИ УСЛУГИ

ЗА МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ

ЗА СТРАНСКИ ДРЖАВЈАНИ

Виза за влез во Република Македонија не е потребна за државјаните на:

1. Земјите-членки на ЕУ и потписнички на Шенгенскиот договор

  • имаат право на влез во Република Македонија и со важечка лична карта.

2. Трети земји со постојан престој во земја-членка на ЕУ или потписничка на Шенгенскиот договор

  • можат да престојуваат во Република Македонија најмногу до 15 (петнаесет) дена при секој влез на територијата на РМ, а вкупното траење на последователните престои во Република Македонија не смее да биде подолго од 3 (три) месеци во текот на секој шестмесечен период, сметајќи од денот на првото влегување.

3. Трети земји со важечка повеќекратна Шенген Ц виза со рок на важност подолг од најмалку 5 (пет) дена од планираниот престој во Република Македонија.

  • можат да престојуваат во Република Македонија најмногу до 15 (петнаесет) дена при секој влез на територијата на РМ, а вкупното траење на последователните престои во Република Македонија не смее да биде подолго од 3 (три) месеци во текот на секој шестмесечен период, сметајќи од денот на првото влегување.

Конзуларни услуги