Интервју на МНР Никола Попоски за „Сверигес радио“

Дата:21.02.2016

 

„Австрија е првата земја од ЕУ која воспостави официјален лимит на вкупниот број на баратели на азил за оваа година. Но, и останатите земји може да го сторат истото, смета Министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Попоски.

Македонија, на север од Грција, е транзитна земја за сите бегалци кои сакаат да пристигнат до Европа. Во ексклузивното интервју со дописникот за миграција на шведското радио Алис Петрен, министерот за надворешни работи вели она што досега сме го виделе е само почеток на големи миграциски текови.

„Тешко е да се предвидат прецизни бројки, но едно е сигурно, она што го гледаме денес е веројатно само почеток на понатамошен прилив на бегалци, што ќе продолжи и во наредните години“, вели Никола Попоски.

Младиот министер за надворешни работи на Република Македонија, школуван на елитниот универзитет во Бриж, Белгија, доби волнен џемпер во својата канцеларија во Скопје.

Неговата импресија е дека во Сирија, Ирак и Авганистан, бегалците се имаат откажано од својата татковина и се инспирирани од останатите кои успеале во Европа: „Оваа година бројката на лица кои ќе побараат засолниште во Европа ќе биде најмалку како онаа од летото 2015 год, со голема разлика што сите ние сме многу подобро организирани во моментов.“

Македонија веќе има регистрирано над 80 000 бегалци оваа година кои ја имаат поминато земјата кон север, вели Попоски, зборувајќи за лимитот од 37.500 азиланти што Австрија го има усвоено за оваа година.

„Овие бегалци се уште не се таму. Но, кога Австрија ќе ги затвори границите, можеме да очекуваме домино ефект, затворени граници од други земји и можеби истотака воведување лимит за прием на бегалци и во останатите држави.“ вели Попоски.

„Воведувањето лимити не е политички коректно, но европските земји имаат капацитет за справување со бегалци само до одредено ниво“, вели министерот за надворешни работи Попоски.

Конзуларни услуги