Владата на Република Северна Македонија како свој врвен приоритет го постави економскиот напредок на земјата. Министерството за надворешни работи и нејзините дипломатски претставништва, преку економска дипломатија, се битни носителите на обврската за спроведување на овој приоритет. Во оваа насока, Министерството во секојдневното работење е фокусирано на:

  • претставување на Република Северна Македонија како привлечна дестинација за странски инвестиции преку промоција на предностите на водење бизнис
  • активности за поттикнувањето на извозот на македонски производи. Овие активности придонесуваат за зајакнување на позицијата на земјата како доверлив бизнис-партнер и дестинација.
  • активности за промовирање на Република Северна Македонија како атрактивна туристичка дестинација и за зголемување на бројот на туристите што ја посетуваат земјата.

Конзуларни услуги