Во неколку наврати ги повикувате поголемите држави да влијаат врз Грција да седне и да разговара за решение на името. Кој би бил механизам тие да ја натераат Атина да го направи тоа?

МНР Попоски - Кога зборуваме за механизам за барање решение, не зборуваме за уцени. Наша цел не е да и се нанесе штета на Грција, наша цел е Грција да ни овозможи да почнеме преговори и да станеме земја-членка на НАТО. Земјите-членки на ЕУ и на НАТО кои покажуваат големо ниво на солидарност за помош на Грција во овие тешки моменти, исто така треба да употребат дел од нивното влијание и нивното време за да успееме Грција да ја убедиме дека е во наша корист да постигнеме решение. За тоа зборуваме и сметам дека во таа насока ќе биде најкорисна, и германската, и вклученоста на сите други земји-членки на ЕУ и на НАТО.
Прашањето е колку се подготвени директно да се вклучат и колкава е цената која се подготвени да ја платат за креирање на клима во која ќе дојдеме до решение. Во овој момент мислам дека сите се исклучително внимателни да не дојде до непосакувана реакција од Грција и на тој внимателен начин пристапуваат кон овој проблем.

Неколку години наназад во сенка на прашањето за името се провлекува прашањето за Бугарија. Пред неколку дена самите изјавивте дека Договорот за добрососедство е во финална фаза, речиси пред потпишување. Што конкретно тоа значи во поглед на трите спорни точки поради кои тој досега не беше потпишан?

МНР Попоски - И тогаш и сега ќе речам дека најзначајното што ни беше во односите на односите со Бугарија беше климата. Се создаде многу негативна клима, многу препирања од едната и од другата страна и многу негативна перцепција кај нас во однос на нивните барања, и кај нив во однос на нашите очекувања. Тоа што успеавме да го смениме преку работните групи е оваа клима да се подобри, да ја зголемиме довербата и на тој начин се придвиживме и на надминување и на овие три, би рекол, спорни прашања. Но не се работи само за спорни прашања, се работи за целиот контекст во кој го решаваме овој проблем. Јас не мислам дека ние со потпишување на договор ги надминуваме сите проблеми. Она што е многу позначајно од потпишувањето на договорот е дали после тоа ќе имаме поголемо ниво на доверба со Софија или помало ниво на доверба. Мислам дека последната средба меѓу работните групи беше минатата седмица. Заклучокот беше дека сме многу блиску до затворање на сите проблематични прашања, но дека поради политичката ситуација во Бугарија ќе мора да почекаме на формирање на влада во Бугарија после изборите и потоа да пристапиме кон целосно затворање на тоа прашање околу Договорот.

Конзуларни услуги