Потребни се повеќе средби и проекти за промена. Ништо повеќе симболично отколку претседавањето со ЕУ за сето ова да се случи, вели Министерот за надворешни работи на Македонија во интервју за Independent.mk.

Дали верувате дека грчкото претседателство на ЕУ ќе биде повод за да бидете домаќин на Евангелос Венизелос?

-Тоа е, всушност, добра можност. Згора на тоа, јас верувам дека ќе биде корисно за Атина да води поголема грижа за пристапување на својот сосед во ЕУ. Ова беше предизвик во текот на последните години. Процесот на интеграција на Македонија во ЕУ се повеќе страда поради грчката реторика, лошата економија и зголемувањето на фашистичкото влијание. Време е да направиме пресврт во овие трендови. Ние сме подготвени да работиме на градење доверба. Потребни се повеќе средби и проекти за промена. Ништо повеќе симболично отколку претседавањето со ЕУ за сето ова да се случи.

Според вашето мислење, зошто Грција одбива вклучување на ЕУ во решавањето на спорот за името?

-Се чини дека привилегираниот пристап на Атина е што и да е, кое нуди најмалку можности за напредок и во двете, ЕУ и спорот за името. Ова значи дека нема ангажмани и средби на оваа тема - и ако има, тогаш е подобро ако тие се неубедливи. Од друга страна, однесувањето покажано од страна на Атина во последно време ги погодува темелите на европскиот проект. Ова е многу тешко за Европејците, кои се инспирирани од демократијата и се свесни за правото, да го сварат.  

Сепак, постои една страна во оваа приказна која е целосно мотивирана да се најде решение. Оној чие членство во НАТО и преговори со ЕУ се попречени за некое време.

Конечно, ако пристапот на незаинтересираната страна не се менува, кој посредува не е фактор на менување на играта, само по себе.

Дали ова ќе биде уште една година на статус кво во европската интеграција, бидејќи, од една страна, претседателските избори ќе се одржат во земјата, но исто така ќе има избори во ЕУ и со тоа и нова Европска комисија?

-2014 не мора да биде изгубена година за интеграција на Македонија во ЕУ, затоа што многу процеси поттикнати од реформи се случуваат додека зборуваме. Возот е поставен на вистинскиот колосек и се движи напред со зголемена брзина, а повеќе супстанца се вметнува.

Што се однесува на донесувањето одлуки во рамките на ЕУ, изборите може да биде сфатени како добар изговор. Во суштина, ако постои волја за компромис, тогаш тие може да се најдат сега или по изборите. Без мотивација, секогаш ќе има добар изговор да не се стори ништо.

Германскиот министер за надворешни работи, Франк-Валтер Штајнмаер, пред неговата посета на Атина, рече дека ќе го постави прашањето за името пред грчкиот државен врв. Дали очекувате поголем интерес со Штајнмаер, кој веќе има претходно знаење за ова прашање од неговиот претходен министерски мандат?

-Германскиот интерес е многу важен во правењето потег. Иако Грција има долгорочен интерес за да овозможи пристапување на Македонија во ЕУ, на краток рок за неа е повеќе важно да не се справи со други прашања, освен со основните. Ова вклучува средства за помош, реформи и ризици од погрешно раководење. Ова е местото каде германскиот фокус е во моментов од објективни причини.

Портпаролот на Европската комисија изјави дека кога спроведувањето на мартовскиот договор ќе продолжи, Комисијата ќе биде подготвена да го поддржи дијалогот за реформите преку ПДВН. Дали сте биле лично информирани од страна на Брисел дека имплементацијата на мартовскиот договор е предуслов за дијалог на високо ниво?

-Политичкиот договор од март минатата година беше клучен во враќање на довербата во еден отворен домашен дијалог. Тој беше успешен, затоа што го вративме политичкиот натпревар да биде само во рамките на институционалните канали. Сега, напорите повторно се фокусирани на реформите за ЕУ. Ние ќе го продолжиме дијалогот со ЕК во секој случај. Формата не е битна. Сепак, ПДВН не може да ги замени преговорите. А последново е потребно за членство.

Дали има дијалог на високо ниво меѓу Скопје и Брисел во овој момент?

-Да. Ние испорачуваме обврски од поглавјата од ПДВН на дневна основа. Без разлика дали ние предлагаме нови административни закони или го подобруваме ЕУ-законодавството поврзано за медиумите преку Собранието и преку дијалог со заинтересираните страни, ние ги исполнуваме обврските од ПДВН. Ова е неговата додадена вредност.

По последната изјава на шефот на бугарската дипломатија, Кристијан Вигенин, дека има напредок во преговорите за добрососедски односи, се добива впечаток во јавноста дека Скопје и Софија ќе го потпишат договор за добрососедски односи, но за ова прашање се молчеше. Дали е ова вистина?

-Не, ние за ништо не се договоривме во врска со договорот. Но, уште поважно, имаме јасно разбирање за тоа што треба да се направи. Честиот дијалог и повеќе проекти, подобро разбирање на меѓусебните чувства и позитивен став, се неопходни. Ние работиме заедно на ова и јас верувам дека и двете страни ќе имаат корист од него.

Дали очекувате дека наредните европски избори негативно ќе влијаат на политиката на проширување, со оглед дека се очекува тоа да биде потврда за популарноста на евро-скептичните партии?

-Можеби, малку повеќе отколку сега. Стана е популарно во време на криза, да се смета проширувањето за непопуларно. Главно поради тоа што не е лесно да се објаснат неговите благодети на инсајдерите. Исто така, и затоа што е секогаш соодветно, да се има некој надвор, за да се обвинува. Без разлика дали тоа е Брисел, имигрантите, новите членови или финансиските институции. Постојат политички опортунисти кои, додека сурфаат на бранот на популарниот сентимент, може да завршат и во ЕП. Како Европејци по убедување и Македонци по националност, ние треба да се занимаваме со ова и ние ќе го направиме тоа.

Конзуларни услуги