Лични податоци  
  • Никола Димитров е министер за надворешни работи на Република Северна Македонија од 1 јуни 2017 година. Тој е роден во Скопје, во 1972 година.

mnrdimitrov

 

 

ПРОФЕСИОНАЛЕН АНГАЖМАН  
 

Како професионален дипломат од 1996 година, тој има богата дипломатска кариера. Беше Заменик министер за надворешни работи на Република Македонија во 2000 година, како и вонреден и ополномоштен амбасадор во САД (2001-2006) и Кралство Холандија и постојан претставник при Организацијата за забрана на хемиско оружје (2009-2014). 

Во периодот помеѓу 2003 до 2008 година, министерот Димитров беше Специјален пратеник во разговорите со Грција, за надминување на разликата околу името, под покровителство на Обединетите Нации. Тој беше и Ко-застапник на Република Македонија во случајот против Грција пред Меѓународниот суд на правдата (Примена на Времената спогодба од 1995 година) (2008-2011). 

Меѓу поважните професионални ангажмани се вбројуваат и позициите: Национален координатор за интеграција во НАТО (2006-2009), Специјален пратеник на Владата за европски и евроатлантски интеграции во Брисел, Кралство Белгија (2007-2008) како и Советник за национална безбедност на Претседателот (2000-2001). 

Други професионални ангажмани на министерот Димитров се: Истакнат член на Хашкиот институт за глобална правда, Хаг, Холандија (2014-2017), Член на Постојаниот суд за арбитража, Хаг, Холандија (од 2011), Член на Советодавниот одбор, ЕВРОТИНК – Центар за европски стратегии (од  2016), Член на Балканот во Европа, Советодавна група за политики, Европски фонд за Балканот и Центар за ЈИЕ студии при Универзитетот во Грац, Австрија и член на Управниот одбор, Фондација за интегрирано образование (од 2015), како и демонстратор на Правниот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” по Меѓународно јавно право и Меѓународно право за правата на човекот (1996-2001).

ОБРАЗОВАНИЕ

 

Министерот Никола Димитров во 1998 година станува магистер по правни науки на Универзитетот во Кембриџ, Обединетото Кралство. Во 1996 година дипломира на Правниот факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Никола Димитров е добитник на наградата „26 јули” на Фондација „Франк Манинг“. Во 2012 година посетува професионална обука, Џон Ф. Кенеди Факултетот за администрација при Универзитетот Харвард.

 Контакт

 

Министерство за надворешни работи

  • Адреса: "Филип Втори Македонски" бр. 7, 1000 Скопје, Република Северна Македонија
  • тел/факс: ++ 389 (0)2 3119-190
  • е-пошта: [email protected]
 Имотна состојба

 

Имотна состојба заклучно со 18 декември 2018 година

За месец јануари 2019 година нето плата на министерот Никола Димитров изнесува 71.206,00 денари.

Конзуларни услуги