Светот во Македонија
Денес, 27 февруари 2015 година, државниот секретар во Министерството за надворешни работи, Елена Кузмановска и амбасадорот на Унгарија во Република Македонија, Јозеф Бенце, потпишаа Меморандум за разбирање помеѓу Министерствата за надворешни работи на Република Македонија и Унгарија за зајакнување на експертската соработка во областа на евроинтеграциите.
 
IMG 7255-2000
Со Меморандумот се предвидува деташирање на унгарски дипломат со експертиза за прашања од областа на европската интеграција во македонското Министерство за надворешни работи.
IMG 7299-2000
За време на средбата, државниот секретар Кузмановска и амбасадорот Бенце ги потенцираа одличните билатерални односи на двете земји, чија главна карактеристика се взаемното пријателство и доверба. Ги разгледаа и можностите за размена на посети на високо и највисоко ниво и планираните активности за унапредување и продлабочување на економската соработка.
IMG 7304-2000

Конзуларни услуги